Ветувања
Изработка на нов урбанистички план за граѓаните кои живеат меѓу Јуриј Гагарин и Теодосиј Гологанов.
Изградба на две детски игралишта (едно кај спортските терени и на крајот на Козле 10) во Нерези.
Изградба на ново детско игралиште меѓу Драгутин Аврамовски - Гуте и Франц Прешерн во Влае 1.
Изградба на две катни гаражи (една кај трите кули до мостот Обединети Нации и втора кај комплексот Макотекс) во Карпош 4.
Ставање нови канделабри на Карпошево востание 8, карши Пелистерска 4 и Манапо 6 во Карпош 3.
Реконструкција на фасади на станбени објекти на улиците 8-ми Септември бр. 10, бр. 12 и бр. 14, Шекспирова бр. 1, бр. 3, бр. 7 и бр. 9, Бранислав Нушиќ бр. 4, бр. 9, бр. 12, бр. 13 и бр. 17, Руѓер Бошковиќ бр. 9 и бр. 11, Веселин Маслеша бр. 7 во Карпош 2.
Изградба на катни гаражи во различни делови на општината за решавање на проблемот со паркирањето.
Субвенционирање на купување на инвертори до 30% од сумата за граѓаните кои користат огрев на цврсто гориво.
Субвенции за поставување на лифтови, зголемени од 50% на 60% од вкупната вредност.
Поставување на ново улично (смарт) осветлување во цела општина Карпош.