Во Институтот „Демократика“ веруваме дека позитивните промени започнуваат со обединување. Заедно, можеме да направиме разлика во нашите заедници. Со здружување на силите и работата кон заедничките цели имаме моќ да создадеме подобра иднина за сите. Да поттикнеме значајни промени од кои бенефит ќе имаат сите.

Доколку делиме исти вредности и сте мотивирани да работите кон остварувањето на статутарните цели и мисијата на Институтот „Демократика“, Ве охрабруваме да ни се приклучите!
Подолу на оваа страница е формата со која се иницира членство во нашата организација. Ве очекуваме!
Секоја апликација за членство ја разгледува член од Извршниот одбор на организацијата. За исходот од процесот на евалуација ќе добиете известување на Вашата мејл адреса.
Институтот Демократика пружа можност активно да придонесете за сеопфатен општествен напредок и да поттикнете позитивни промени во РС Македонија, правејќи значајна разлика во животите на луѓето.

Институт „Демократика“, Валандово, РС Македонија