Општество 5.0

Правично и демократско општество на утрешнината!
Веруваме во промени за подобра иднина на сите заедници

Нови навики, нови предизвици, нов пристап

Во Институт Демократика, се стремиме кон градење на Општество 5.0 кое поттикнува одржлив развој, создавање заедничка вредност и социјални иновации. Нашата цел е да создадеме меѓусебно поврзано и колаборативно општество кое ги користи новите технологии за да ги реши сложените предизвици и да создаде нови можности.

 

„Општество 5.0“ претставува промена на парадигмата во развојот на општество, со цел да се создаде хармоничен и одржлив соживот помеѓу луѓето и напредните технологии. Во свет кој брзо го надминува општеството 4.0 движено од информации, Општество 5.0 нуди визионерска рамка која ја става благосостојбата на поединците и заедниците во средиштето. Овој концепт на општество го препознава огромниот потенцијал на новите технологии какви што се вештачката интелигенција, IoT „интернет на нештата“, роботиката и големите податоци т.е. „big data“ и се обидува да ја искористи нивната моќ за унапредување на секоја индивидуа.

 

Досега, фокусот примарно беше насочен кон социјалните, економските и организациските системи, ненамерно создавајќи дискрепанција во пристапот до производи и услугите врз основа на индивидуалните способности и околности. Сепак, Општество 5.0, кон кое забрзано ита јапонското општество, овозможува значајна општествена трансформација – оддалечување од технолошкиот напредок воден од профит и пренасочување на фокусот кон индивидуалната благосостојба. 

 

Општество 5.0 го отвора патот за обезбедување на приспособени производи и услуги кога и каде се потребни, оптимизирајќи ги нашите социјални и организациски структури. Како општество кое се врти околу поединците го истиснува ризиккот од општество контролирано од вештачка интелигенција и роботи. Покрај тоа, усогласено е и со целите за одржлив развој поставени од Обединетите нации, (Sustainable Development Goals – SDGs) придонесувајќи за одржлива и просперитетна иднина.

 

Патната мапа кон Општество 5.0 во Северна Македонија за прв пат кај нас го претстави овој прониклив социјален концепт. Таа е комплементарен документ кој се усогласува и ќе настојува да ги унапредува Националната развојна стратегија, Националната ИКТ стратегија, Концептот за дигитална трансформација на општеството и Националната ВИ стратегија. Додека овие стратешки документи првенствено се фокусирани на унапредување на развојот, технологијата и дигитализацијата, патната мапа оди чекор понатаму со нагласување на интеграцијата на технологијата со општествената благосостојба. Новиот општествен концепт ја декларира технологијата сама по себе како недоволна да се создаде просперитетно општество, укажувајќи на тоа дека треба да се користи за сеопфатно подобување на животот на поединецот.

 

Раното усвојување на концептот за Општество 5.0 е клучно, особено за помалку развиените земји како Северна Македонија, нудејќи можност за прескокнување на традиционалните модели на развој и искористиување на трансформативната моќ на технологијата. Со прифаќање на новите општествени принципи, можеме да го премостиме постојниот социо-економски јаз, да го забрзаме напредокот кон целите за одржлив развој и да обезбедиме ефикасна распределба на ресурсите додека ги зајакнуваме најранливите аспекти од „тркалото на животот“. 

 

Патоказот ќе им обезбеди насоки на засегнатите страни за неопходното приоритетизирање, креирање стратегии и активности за општествена трансформација, што ќе овозможи информирано донесување одлуки. Со напредна аналитика и технологии управувани од вештачка интелигенција, креаторите на политики добиваат пристап до сеопфатни податоци и информации во реално време, зголемувајќи ја ефикасноста и намалувајќи го потенцијалот за корупција. Интеграцијата на дигиталните технологии ја оптимизира дистрибуцијата на ресурси, ги насочува процесите и поттикнува подобрувања во сите аспекти на општеството. 

 

Трансформативната моќ на Општество 5.0 лежи во подобрувањето на одлучувањето, борбата против корупцијата и поттикнувањето на економскиот напредок за подобрување на општеството како целина. Патната мапа ќе ги наведе основните принципи за градење одржливи, напредни и безбедни ИТ системи управувани од вештачката интелигенција и најдобри практики за искористување на аналитиката на големи податоци. Се очекува да се воспостави рамка за создавање идни напредни системи кои ќе им овозможат на поединците да го достигнат својот целосен потенцијал, истовремено насочувајќи ги креаторите на политиките во планирањето и имплементацијата на нови или надградени системи усогласени со визијата на Општество 5.0 за општество движено од напредна технологија.

Една мисија - 5.0 Општество

Силни заедници - одржлива иднина

Институтот Демократика е посветен да работи кон оваа трансформативна визија на општеството и ги покануваме поединците и организациите да ни се придружат во ова патување кон поодржлива, колаборативна и инклузивна иднина.

Придружи нѝ се!
Алатки на платформата

Општество 5.0 / Екосистем

Здрави дигитални навики

Промовирањето на здрави дигитални навики меѓу учениците и родителите вклучува едукација за одговорна употреба на технологија, поставување граници и одржување на отворена комуникација за да се обезбеди благосостојба и избалансиран дигитален ангажман. Ги подготвува поединците да прават информирани избори и создава безбедна и поддржувачка дигитална средина.

Отворени податоци

Сигурни на .mk

“The future is digital, defining how we will live, work, and interact with each other. Whether technology becomes an empowering force for good or a sower of more division and exclusion will depend on the choices we make now.”

Achim SteinerUNDP Administrator