
Peticija.mk е иновативна платформа која на граѓаните им овозможува иновативен, лесен и ефикасен начин да го свртат вниманието на засегнатите страни кон решавање на проблемите со кои се соочуваат во своето секојдневие, преку здружување.

Интерактивна алатка за преглед, споредба и следење на предизборни ветувања по партија, општина и кандидат. Со филтри, графици и јасни индикатори за реализација, брзо откриваш што е ветено, што е започнато и што е исполнето. Идеална за новинари, активисти и граѓани што сакаат транспарентност и факти.

Агрегатор што собира значајни вести од светски медиуми за РС Македонија, автоматски преведени на македонски, корисен за новинари, аналитичари и сите што сакаат брз увид во меѓународната слика за земјата.

OSINT.MK е директориум со над 150 алатки за независно истражување, проверка на информации и поврзување на јавни податоци. Вклучува македонски регистри, AI и deepfake детекција, практични насоки и алатки што работат директно во прелистувачот. Наменет за граѓани, истражувачи, активисти и новинари.
NVO.MK е платформа за информирање, поврзување и соработка во граѓанскиот сектор. Обединува новости од организациите, можности за финансирање и заеднички иницијативи. Организациите добиваат бесплатен профил, веб-страница на .nvo.mk поддомен и организациска е-пошта.