Отворен датасет од финансирани проекти – ЕУ, Светска банка и УНДП

Институт Демократика го претстави првиот отворен RAW датасет од финансирани проекти на Европската Унија, Светска банка и УНДП. Овој ресурс е резултат на тримесечна посветена работа на нашите тимови – од скрејпинг и чистење на податоци, до напредна синтетичка аугментација со помош на најсовремени големи јазични модели (LLM).

Датасетот содржи богати и детални информации за секој проект, вклучувајќи наслови, акроними, цели и буџети, податоци за донатори и институции кои ги спроведуваат активностите, како и географски ознаки со држави, региони и ISO кодови. За секој проект е документирана структура на активности, испораки и резултати, а дополнително се вклучени и официјални документи и комуникациски материјали. Со помош на LLM е генерирано извршно резиме кое дава концизен преглед на проектот, како и синтетички описи на активности, испораки и резултати кои ја прикажуваат неговата суштина и импакт. Датасетот содржи и кратки дескриптори што овозможуваат полесно пребарување и категоризација, што го прави ресурс кој не е само листа на проекти, туку целосна база со длабински информации погодни за истражување, анализа и развој на напредни AI апликации.

12GB

Големина на дата сет

5 милиони

Записи

70,000

Финансирани проекти

Како е создаден?

  • Скрејпинг: податоците се собрани во период од 3 месеци од повеќе извори.
  • Нормализација и чистење: отстранување на дупликати, исправка на неусогласени формати и стандардизација.
  • Синтетичка аугментација со LLM: за секој проект се генерираа:
    • Извршно резиме
    • Активности
    • Испораки (Outputs)
    • Резултати

На овој начин, секој проект е збогатен со дополнителен контекст и структуриран опис, што го прави датасетот непроценлив за истражување и практична примена.

За што може да се користи?

Овој датасет отвора нови хоризонти. Тој е корисен за:

  • Истражувачи и академици: анализа на трендови во финансирањето, мерење на импакт и споредба по сектори.
  • Новинари и истражувачко новинарство: откривање на поврзаности меѓу проекти, институции и донатори.
  • НВО и граѓански организации: идентификување на можности за нови иницијативи и подобрување на транспарентноста.
  • Владини институции: подобро координирање и следење на ефектите од странските инвестиции.
  • AI заедницата: како богат извор на податоци за тренинг и тестирање на модели за natural language processing и knowledge graph апликации.

Преземање на датасетот

Датасетот е достапен за бесплатно преземање. За да добиете пристап, ве молиме пополнете ја формата подолу.

По пријавувањето, ќе добиете линк на е-маил за преземање на целиот датасет.

    Примерок

    За брз увид, подготвивме и демо датасет со дел од податоците: https://cloud.zemi.mk/s/QWjEWafwEFfgsSA

    Поглед кон иднината: Politus.AI

    Овој датасет е само првиот чекор. Нашата визија продолжува со развој на Politus.AI – AI-powered платформа за креирање и усовршување на проектни предлози и законодавни текстови. Тренингот се базира на сопствен dataset од над 5 милиони структурирани записи од вистински ЕУ проекти и законодавни амандмани.

    Politus.AI ќе овозможи:

    • Интелигентна поддршка при drafting на ЕУ проектни апликации.
    • Подобрување и корекција на законодавни текстови.
    • Автоматизирано споредување со претходни проекти и амандмани.
    • Поголема прецизност, транспарентност и ефикасност во донесувањето одлуки.

    Креатор на датасетот: Столе Китановиќ, Претседател на Институт Демократика.

    Related Posts

    Leave a Reply

    Други објави

    Добредојдовте! – Тимот на Институт „Демократика“
    11. јуни, 2023
    Жените како двигател на бизнисот: Најпопуларни индустрии за започнување бизнис во 2023 година
    29. јули, 2024

    Категории