Институт Демократика иницираше проверка на податоците за водниот стрес во Македонија

Институт Демократика иницираше проверка на податоците и методологијата врз основа на кои Северна Македонија е прикажана во меѓународните статистики за индикаторот SDG 6.4.2 – ниво на воден стрес.

Проверката беше започната по анализа на јавно достапните национални и меѓународни податоци, со посебен фокус на третманот на водата што се користи во производството на електрична енергија.

Во рамки на постапката, Институт Демократика воспостави директна комуникација со Државниот завод за статистика, како институција која ги доставува релевантните национални податоци, како и со FAO и AQUASTAT, глобалниот информациски систем на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации за водни ресурси.

Во писмен одговор до Институт Демократика, Државниот завод за статистика потврди дека во податоците што се доставуваат до AQUASTAT е вклучена и вода што се користи за производство на електрична енергија во хидроелектрани, односно вода што се зафаќа од водотек или акумулација и поминува низ турбините. ДЗС истовремено посочи дека ова количество не се прикажува одделно.

По дополнителното обраќање на Институт Демократика до FAO и AQUASTAT, од AQUASTAT беше потврдено дека водата користена за хидроенергија не треба да биде вклучена во индустриското зафаќање вода и дека, доколку такви количества биле вклучени, тие треба да бидат одземени.

Во одговорот од AQUASTAT е наведено и дека во таков случај нивото на воден стрес би требало значително да се намали.

Од AQUASTAT дополнително информираа дека прашањето ќе биде разгледано со Државниот завод за статистика и дека вредностите ќе бидат коригирани соодветно по завршувањето на проверката.

Индикаторот SDG 6.4.2 претставува меѓународен показател за нивото на притисок врз расположливите слатководни ресурси и се користи за споредување на состојбата меѓу земјите.

Институт Демократика ќе продолжи да ја следи постапката и ќе ги објави релевантните наоди по завршувањето на проверката меѓу FAO/AQUASTAT и Државниот завод за статистика.

Иницијативата е дел од пошироката работа на Институт Демократика на анализа, проверка и унапредување на точноста и транспарентноста на податоците од јавен интерес.

Поврзани објави

Оставете коментар

Други објави

Син радар поврзан со документи, мрежа од извори и проверка на слики на бела позадина
OSINT.MK е новото место за независно (open source) истражување
24. септември, 2026
Добредојдовте! – Тимот на Институт „Демократика“
11. јуни, 2023
Институт Демократика достави 115 предлози за измени на Нацрт-просторниот план 2021-2040
8. октомври, 2026

Категории