Ветувања
Формирање на социјален сектор во склоп на општината за помош и поддршка на млади брачни парови, самохрани родители и жртви на семејно насилство.
Обезбедување рампи, лифтови и уредени патеки за пристап на лицата со попреченост во сите јавни установи, паркови и игралишта.
Активирање на амбулантите во Младо Нагоричане, Старо Нагоричане, Арбанашко и формирање на мобилна амбуланта за подобрување на здравствените услуги.
Обновување и поставување на спомен плочи на значајни објекти и изградба на парк во с. Малотино посветен на Козјачкиот партизански одред.
Враќање на бањата Стрновац во рацете на општината и нејзина реконструкција, модернизација и промоција како бањски и рурален туристички потенцијал.