Blog

НАТАЛИЈА ДИМИТРИЕВА

ВМРО-ДПМНЕ · Демир Капија

Ветувања

ВМРО-ДПМНЕ · 2025Спортветено
Општината да организира редовни спортски турнири и бесплатни рекреативни активности за сите генерации.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Проектот подразбира организација на летни концерти, театри на отворено, уметнички изложби и книжевни вечери во локалните културни домови или јавни простори.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Инфраструктураветено
Проектот предвидува поставување на видеонадзор на клучни локации, замена на старото осветлување со ЛЕД-светилки и подобрување на пешачките премини.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Екологијаветено
Проектот ќе вклучи поставување нови контејнери за селекција на отпад, воведување редовен распоред за собирање смет.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Спортветено
Проектот предвидува изградба на најмалку едно игралиште во секоја населба, со современа опрема, безбедносни подлоги, огради и осветлување.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Екологијаветено
Проектот вклучува засадување нови дрвореди по улиците, реконструкција на постоечките паркови и изградба на нови зелени оази во урбаните населби.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Инфраструктураветено
Да се уреди влезот на Демир Капија со ознаки „Добре дојдовте во Демир Капија“. Проектот предвидува реконструкција на дотраени патишта, поставување нови тротоари.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Здравствоветено
Отворање советувалишта со психолози и психотерапевти, програми за поддршка на младите, жени жртви на семејно насилство и лица во социјален ризик.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Инфраструктураветено
Адаптација на јавните објекти и установи со пристапни рампи, лифтови и тактилни патеки за лица со инвалидитет.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Формирање мобилни екипи составени од социјални работници и здравствени асистенти кои ќе ги посетуваат старите и болни лица во нивните домови.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Здравствоветено
Отворање мали здравствени пунктови во руралните средини со присуство на медицински тим еднаш или двапати неделно.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Општината ќе отвори дневни центри за лица со попреченост каде ќе добиваат стручна поддршка, образовни и креативни активности.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Формирање општинска служба за поддршка на ранливи категории граѓани: едношалтерски систем за информации за права, документи и услуги.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Ќе се обезбеди еднократна парична помош за семејства погодени од елементарни катастрофи со средства од буџетот на општината.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Образованиеветено
Ќе се обезбеди училиштен прибор за деца од основно и средно образование од загрозени семејства.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Ќе се подготви студија за јавно-приватно партнерство и ќе се бара инвеститор за изградба на современ регионален центар за стари лица.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Ќе се изврши реконструкција на постоечкиот Дом за пензионери во Демир Капија.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Образованиеветено
Ќе се подобрат условите за престој во градинката, со цел зголемување на капацитетот за 20 нови деца.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Ќе се организира волонтерско движење за бесплатни услуги, хуманитарна поддршка и собирање средства за ранливи категории.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Ќе се организираат акции за собирање облека, храна и покуќнина за социјално загрозените лица во соработка со здруженија, спонзори и добротворни организации.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Ќе се обезбеди надоместок за престој во градинка, бесплатно патување со меѓуградски превоз до местото на лекување и назад.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Економија/Инвестицииветено
Ќе се обезбеди 50% попуст на данок на имот за семејства со ниски приходи и семејства со деца со попреченост.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Дигитализацијаветено
Ќе се отворат подрачни канцеларии во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Министерството за земјоделие.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Образованиеветено
Ќе се стипендираат ученици со најдобар успех и таленти од ООУ „Димче А. Габерот“.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Здравствоветено
Ќе се отвори физикална просторија во Демир Капија во соработка со Здравствен дом Неготино.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Ќе се обезбеди еднократна парична помош од 20.000 денари за младите што склучуваат прв брак.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Секое семејство ќе добие еднократна парична помош од 15.000 денари за трето дете.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Општината ќе исплаќа еднократна парична помош од 7.000 денари за секое новороденче.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Родители на деца со пречки во развојот, самохрани родители и семејства со три деца запишани во градинка ќе бидат ослободени од плаќање на надоместок за престој.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Ќе се обезбедат програми за превенција од социјални ризици во соработка со Центарот за социјални работи, училиштата и здравствените установи.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Ќе се развијат сервисни служби за поддршка и грижа за старите лица. Очекуван ефект: подобрен квалитет на живот на старите лица.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Ќе се овозможи зголемен опфат на децата во предучилишните установи преку дополнителни капацитети и олеснувања за родителите.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Отворање современ центар за младински уметнички израз – простор за музички бендови, танцови студија, фотографија, дигитална уметност и видеопродукција.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Годишен фестивал за промоција на млади таленти од општината – музичари, сликари, писатели. Настанот ќе биде во соработка со училиштата и локалните здруженија.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Општината ќе инвестира во заштита и промоција на локалните историски споменици, традиционални куќи и обичаи. Ќе се создаде дигитален каталог со информации и фотографии.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Отворање општински културни центри каде младите ќе имаат можност за учење музика, сликарство, театар и фотографија. Центрите ќе нудат работилници и за возрасни.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Воспоставување годишен календар на културни настани: концерти, фестивали, изложби, книжевни вечери. Општината ќе ги поддржува локалните културни друштва и уметници.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Спортветено
Формирање општински фонд кој ќе доделува грантови за поддршка на локалните клубови.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Спортветено
Изградба на мултифункционални спортски игралишта во секое рурално населено место – за фудбал, кошарка, одбојка.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Образованиеветено
Реконструкција на постоечките и изградба на нови мини спортски сали во сите основни училишта.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Ќе се организира ликовна колонија со учесници од Македонија и регионот која ќе стане традиционална.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Инфраструктураветено
Ќе се изгради модерна фонтана на плоштадот во Демир Капија.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Ќе се организираат традиционални манифестации: Св. Трифун, Денови на руселии и Денови на традиционална храна и занаети.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Ќе се уредат простории за промоција на орнитолошка поставка со природни реткости и етнолошка галерија.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Ќе се уредат локалитетите Маркови кули, Кале-Стрезов Град и Црквишта во Демир Капија и с. Корешница.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Ќе се збогати фондот на музејот со нови надворешни поставки.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Ќе се организира постојана музејска збирка збогатена со артефакти преку археолошки истражувања во општината.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Ќе се организираат фолклорни концерти и манифестации за негување на традиционалните ора и песни.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Ќе се уреди галериски простор со постаменти за изложби на уметници, ликовни колонии и фотографски поставки.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Ќе се организираат трибини, акции и програми за подигнување на свеста кај младите за штетноста од алкохол, цигари и дрога.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Спортветено
Општината ќе ги поддржува спортските друштва и ќе организира турнири во мал фудбал и натпревари.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Спортветено
Ќе се изгради отворен простор со справи за калистеника (склекови, вратило, дипови, чучњеви и др.).
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Спортветено
Ќе се изгради модерен аквапарк со атракции за деца и возрасни.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Спортветено
Ќе се изградат детски катчиња со спортски реквизити во Демир Капија, с. Корешница, с. Бистренци и с. Чифлик.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Спортветено
Ќе се доизгради фудбалското игралиште, со цел да се овозможат подобри услови за спорт и натпревари.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Спортветено
Ќе се постават информативни табли и ќе се обележат патеки за планинарење во Демиркаписка Клисура и околните планини.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Спортветено
Ќе се изгради камп за спортски активности, рекреација и екоедукација на младите, туристите и учениците.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Спортветено
Ќе се изгради мал екокамп со спортски содржини и можности за рекреација во природа.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Спортветено
Ќе се организираат спортски кампањи и активности за промоција на физичката активност кај младите и возрасните генерации.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Спортветено
Ќе се изгради патека за трчање и велосипедизам која ќе биде достапна за сите граѓани и рекреативци.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Општината ќе поддржува семејства кои сакаат да развијат мал туристички бизнис преку адаптација на сопствени домови.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Дигитализацијаветено
Создавање веб-портал со интегрирани информации за туристички услуги, настани и можности за резервација.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Туризамветено
Означување и уредување на планинарски и велосипедски патеки, уредување на патека до ККК Просек.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Годишен фестивал кој ќе ги обедини локалните културни друштва, музичари, уметници и занаетчии.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Креирање на гастрономски патеки кои ќе ги поврзуваат локалните ресторани, винарии и производители на традиционална храна.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Дигитализацијаветено
Развој на мобилна апликација со интерактивна мапа на туристички атракции: културни споменици, природни убавини, ресторани, хотели.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Формирање на локално туристичко биро кое ќе нуди информации за сите туристички атракции.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Спортветено
Ќе се уредат маркирани рути, via ferrata, ќе се постави безбедносна опрема и ќе се организираат фестивали и меѓународни натпревари.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Туризамветено
Ќе се рехабилитира патот, ќе се изградат панорамски платформи и екопикник зона.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Туризамветено
Ќе се постави безбедносно осветлување, платформи и информативни зони, како и едукативни тури за млади и за истражувачи.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Ќе се маркираат патеки до Просек, Стрезов Град и средновековните цркви, ќе се постават информативни табли.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Спортветено
Ќе се постави платформа за параглајдери на одобрената локација во Просек.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Туризамветено
Ќе се изградат бунгалови, рекреативни платформи и содржини за лов и риболов по течението на реката Бошава.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Ќе се поддржи организирањето на манифестации како „Св. Трифун“, турнир во мал фудбал „Св. Богородица“ и други.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Ќе се изградат спортски терени, ќе се постави урбана опрема и ќе се уреди просторот.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Спортветено
Ќе се уреди зоната со платформи, паркови и природни акумулации на вода.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Ќе се уреди и промовира вински пат што ќе ги поврзе лозарите, производителите на вино, винариите, Музејот на виното и угостителските капацитети.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Патна инфраструктураветено
Ќе се маркираат и уредат пешачки и велосипедски патеки со поставување табли и оградување.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Ќе се изработи гастро водич и мапа со информации и понуди за ресторани, хотели и винарии во Демир Капија и околината.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Дигитализацијаветено
Ќе се изработи веб-портал и база на податоци за промоција на туристичките потенцијали на Демир Капија.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Екологијаветено
Субвенции за поставување зелени кровови и вертикални градини на јавни и приватни згради.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Осветлувањеветено
Замена на целото јавно осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД-светилки, со можност за паметно управување.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Екологијаветено
Субвенционирање на домаќинства и мали бизниси за поставување соларни колектори и фотоволтаични панели на покривите.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Екологијаветено
Формирање општинска програма за повторна употреба на материјали, како на пример: дрво, метал, текстил и пластика од јавните установи ќе се собираат и повторно ќе се користат.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Екологијаветено
Изградба на современи центри за селекција и рециклирање на отпад, како и воспоставување мобилни пунктови за собирање на отпад од домаќинства.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Екологијаветено
Воведување на систем за одржливо управување со јавниот простор: изградба на мали екопаркови, поставување контејнери за селекција на отпад и организирање општински „зелени акции“.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Ќе се воспостави партнерство со граѓански здруженија за трајно и системско решение на проблемот со кучињата скитници. Очекуван ефект: зголемена безбедност на граѓаните, хумано и одржливо решавање на проблемот со кучињата скитници и почиста урбана средина.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Ќе се интензивира соработката меѓу Подрачната единица на противпожарна заштита – Неготино, ЈП Македонски шуми – Демир Капија, Доброволното противпожарно друштво и надлежните институции. Очекуван ефект: зголемена координација, подобро превенирање и побрзо справување со пожари и природни непогоди.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Ќе се изврши професионализација на доброволното противпожарно друштво во Демир Капија преку зголемување на бројот на кадар и обезбедување најсовремена опрема за справување со пожари. Очекуван ефект: поголема ефикасност при интервенции, побрза реакција и намалување на последиците од пожари.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Екологијаветено
Ќе се спроведат мерки за заштита на дел од речното корито на реката Бошава што поминува низ Демир Капија, како и на пороите во с. Корешница и во с. Бистренци. Очекуван ефект: намалување на ризикот од поплави, заштита на имотот и животите на граѓаните и подобра контрола на водотеците.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Економија/Инвестицииветено
Создавање на специјализирана општинска канцеларија која ќе подготвува и аплицира со проекти директно до европските фондови (за: инфраструктура, енергетика, култура, образование). Очекуван ефект: дополнителни средства во буџетот, нови проекти без дополнителен товар за граѓаните, европеизација на локалниот развој.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Организација на годишна манифестација со културни, едукативни и спортски настани посветени на европските вредности – работилници за младите, проекции на европски филмови, изложби и дебати со амбасадори и европски експерти. Очекуван ефект: приближување на европските вредности до граѓаните, зголемена свест за европската перспектива, позитивна енергија во заедницата.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Дигитализацијаветено
Општината ќе воспостави пријателства и партнерства со општини од земјите членки на ЕУ преку т.н. (twinning) твининг програми. Ќе се реализираат заеднички проекти во областа на: културата, туризмот, образованието и животната средина. Очекуван ефект: размена на искуства, модерни практики во локалното управување, нови можности за граѓаните (ученички размени, културни настани, заеднички европски проекти).
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Дигитализацијаветено
Општината ќе поддржува локални невладини организации со мали грантови и обуки за подготовка на европски проекти. Ќе се организираат работилници за пишување апликации за Erasmus+, Horizon и други ЕУ програми. Очекуван ефект: јакнење на граѓанскиот сектор, зголемен број на успешни ЕУ проекти, директни придобивки за младите и граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Дигитализацијаветено
Воведување европски практики во работата на општинската администрација – транспарентност, отчетност, јавни консултации и учество на граѓаните во креирање на политики. Ќе се применуваат европски кодекси за добро управување. Очекуван ефект: поефикасна и транспарентна администрација, поголема доверба на граѓаните во институциите.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Дигитализацијаветено
Формирање на локален информативен центар за ЕУ кој ќе обезбедува информации за европските програми, фондови и можности за финансирање. Центарот ќе биде отворен за: граѓани, компании, училишта и невладини организации. Очекуван ефект: подобрена информираност на граѓаните, зголемен број апликации за ЕУ фондови, поголема интеграција на општината со европските текови.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Образованиеветено
Општината ќе отвори фонд во кој училиштата ќе можат да аплицираат со свои мали проекти – на пример: опремување училници, спортски активности, културни манифестации или дигитални иновации. Средствата ќе се распределуваат транспарентно преку јавни повици.Очекуван ефект: зголемена иницијативност кај училиштата, подобрени образовни услови според реалните потреби на учениците.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Образованиеветено
Реконструкција на општинските училишта со замена на старата столарија, поставување термоизолација, соларни панели и ЛЕД-осветлување. Општината ќе користи европски фондови и јавни повици за финансирање. Очекуван ефект: намалени трошоци за енергија, подобра еколошка свест кај учениците, подобрени услови за учење.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Образованиеветено
Секое училиште ќе има своја веб-платформа со објавени наставни програми, активности, финансиски извештаи и комуникација со родителите. Очекуван ефект: транспарентност во работењето на училиштата, поголема доверба на родителите, активно учество на заедницата.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Образованиеветено
Воведување модерни училишни кујни и програма за здрава исхрана. Ќе се користат локални производи за да се поттикне домашното земјоделство. Очекуван ефект: подобрено здравје на децата, едукација за здрави навики, поттик за локалните земјоделци.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Образованиеветено
Реконструкција на училишните дворови со модерни игралишта, спортски терени и зелени површини, достапни и за граѓаните во попладневните часови. Очекуван ефект: повеќе простор за спорт и рекреација, поголема социјална поврзаност во заедницата.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Образованиеветено
Воведување психолошка поддршка и советувалишта во училиштата, со тимови кои ќе работат со учениците на теми како ментално здравје, превенција од насилство и дигитална безбедност. Очекуван ефект: безбедна и здрава средина за децата, превенција на негативни појави, поддршка за родители и наставници.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Образованиеветено
Инвестиции во континуирана едукација и професионален развој на наставниците преку: обуки, студиски посети во ЕУ и програми за усовршување нови наставни методологии. Очекуван ефект: мотивирани и компетентни наставници, повисок квалитет на наставата, подготвеност за современи предизвици.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Формирање општински фонд за стипендии за ученици и студенти од социјално загрозени семејства, како и за талентирани ученици во науката, уметноста и спортот. Очекуван ефект: еднаков пристап до образование за сите, поддршка за најсиромашните, развој на талентите.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Образованиеветено
Модернизација на сите основни и средни училишта со нова училишна опрема, паметни табли, лаборатории за природни науки и информатика, како и спортски сали. Општината ќе обезбеди редовно одржување и енергетска ефикасност на објектите. Очекуван ефект: поквалитетно образование, подобрени услови за учење, конкурентност со европските стандарди.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Образованиеветено
Општината ќе обезбеди училишни униформи за децата од ООУ „Димче Ангелов – Габерот“ од прво до петто одделение. Очекуван ефект: еднаквост меѓу учениците, развивање на чувство на припадност и дисциплина, како и финансиска олеснување за родителите.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Образованиеветено
Ќе се изгради сензорна соба во просториите на ООУ „Димче Ангелов – Габерот“ во Демир Капија, како и во училиштата во руралните средини. Овие простори ќе бидат опремени со современи дидактички средства и помагала за сензорна стимулација. Очекуван ефект: подобрен воспитно-образовен процес за децата со посебни образовни потреби, зголемена инклузија и подобрување на психофизичкиот развој.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Економија/Инвестицииветено
Поддршка за изградба на нови домови според концептот „зелена архитектура“ – енергетска ефикасност, соларни панели, системи за собирање дождовница и рециклирање на отпад. Очекуван ефект: намалени трошоци за домаќинствата, модерни и здрави услови за живеење, европски изглед на општината.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Инфраструктураветено
Реконструкција на локалните патишта и улички во селата, поставување на улично осветлување и подобрување на канализациската и водоводната мрежа. Очекуван ефект: намалување на разликите меѓу руралните и урбаните средини, подобри услови за живот во селата, спречување на иселување.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Дигитализацијаветено
Изработка на нови урбанистички планови кои ќе ги следат принципите на одржливост и европски стандарди – енергетски ефикасни згради, зелени кровови, повеќе пешачки зони. Ќе се воспостави јавна дигитална база на урбанистички планови достапна за секој граѓанин. Очекуван ефект: порамномерна и планска урбанизација, транспарентност во урбанизмот, подобра средина за живеење.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Претворање на запуштени површини во модерни јавни паркови, детски игралишта и фитнес-зони на отворено. Во секоја населба ќе се обезбеди најмалку едно рекреативно катче достапно за сите генерации. Очекуван ефект: поквалитетен живот на граѓаните, здрави навики, социјална интеграција на младите и семејствата.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Екологијаветено
Изградба на велосипедски патеки кои ќе ги поврзат клучните делови на општината (училишта, јавни институции, центар, спортски терени). Ќе се засадуваат зелени појаси долж патеките и ќе се постави улично ЛЕД-осветлување за безбедност. Очекуван ефект: промоција на здрав живот, намалување на употребата на автомобили, подобра животна средина.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Дигитализацијаветено
Воведување еколошки јавен превоз – електрични минибуси кои ќе сообраќаат на релации меѓу населбите и центарот на општината. Дополнително, ќе се воведе дигитална апликација за следење на возниот ред во реално време. Очекуван ефект: намалување на загадувањето, поевтин и достапен превоз за граѓаните, современ систем на мобилност.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Патна инфраструктураветено
Општината во соработка со државата ќе инвестира во реконструкција и проширување на регионалните патишта кои ја поврзуваат со соседните општини и градови. Очекуван ефект: побрз транспорт на луѓе и стоки, подобрена поврзаност на локалните производители со пазарите, намалување на сообраќајни несреќи.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Инфраструктураветено
Ќе се постави хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на сите улици и патишта. Очекуван ефект: зголемена безбедност на сообраќајот и намалување на ризикот од несреќи.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Инфраструктураветено
Ќе се постави урбана опрема, билетарница, чекална, тоалети и зеленило околу автобуската станица. Очекуван ефект: модерен изглед, поголема удобност и функционалност за патниците.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Патна инфраструктураветено
Ќе се обезбеди редовно одржување на локалната патна мрежа. Очекуван ефект: подолг животен век на патиштата и континуирана безбедност во сообраќајот.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Патна инфраструктураветено
За подобро сообраќајно поврзување на автопат М1 (Е-75) со регионален пат R1 102, Демир Капија.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Патна инфраструктураветено
Ќе се реконструираат улиците ,,Партизанска“(крак), ,,Радњанска“, ,,Димитар Влахов“, дел од ,,Борис Кидрич“, улици во населбата ,,11 Октомври“, реконструкција на улиците „4-ти јули“ и улицата „8-ми март“. Очекуван ефект: подобрена локална инфраструктура, побезбедни и модерни улици.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Патна инфраструктураветено
Ќе се асфалтираат улици во: с. Бистренци, с. Корешница, с. Чифлик и с. Прждево. Очекуван ефект: подобрен сообраќај, полесно движење и модерен изглед на селата.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Патна инфраструктураветено
Ќе се реконструира дел од патот во должина од 3,2 км. Очекуван ефект: подобра патна инфраструктура и олеснет пристап за жителите.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Патна инфраструктураветено
Ќе се реконструира патот во должина од 4,5 км. Очекуван ефект: подобрен пристап и побрза врска меѓу населените места.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Патна инфраструктураветено
Ќе се реконструира патот во должина од 21 км, во прва фаза изградба на систем за атмосферски води и постелица. Очекуван ефект: подобра поврзаност на населените места и зголемена безбедност.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Патна инфраструктураветено
Ќе се реконструира дел од патот Демир Капија – железничка станица Клисура во должина од 1 км. Очекуван ефект: подобрен пристап и побезбедно движење кон железничката инфраструктура.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Инфраструктураветено
Ќе се изврши партерно уредување во сите села на територијата на општината. Очекуван ефект: убаво уредени јавни простори и подобрена слика на населените места.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Инфраструктураветено
Ќе се изградат и уредат тротоари во централното подрачје на Демир Капија, на ул. „Партизанска“, како и во с. Корешница и с. Бистренци. Очекуван ефект: зголемена безбедност на пешаците и современ изглед на населените места.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Ќе се изградат атмосферски канализации за одведување на атмосферските води во Демир Капија и населените места. Очекуван ефект: заштита од поплави и побезбедна урбана средина.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Ќе се доврши канализацијата во: Демир Капија, Корешница, Бистренци, Дрен и Чифлик. Очекуван ефект: целосна канализациска покриеност на населените места и заштита на природата од загадување.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Ќе се изгради нова канализациска мрежа. Очекуван ефект: здравствено побезбедна животна средина и современи услови за жителите.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Ќе се изгради нова фекална канализациска мрежа.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Ќе се изврши санација на постоечката каптажа за вода.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Ќе се изгради нова каптажа и резервоар за вода.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Ќе се изврши санација на доводниот цевковод од каптажа до резервоарот.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Ќе се доведе вода по гравитационен пат до постоечкиот резервоар, со што ќе се напушти снабдувањето од бунари.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Ќе се доведе вода по гравитациски пат до постоечкиот резервоар, со цевковод во должина од 8 км.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Екологијаветено
Ќе се изгради централен систем за греење со биомаса и ќе се постават фотоволтаични панели на училишните и јавните објекти.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Инфраструктураветено
Ќе се уреди просторот околу амбулантата со пешачки патеки, клупи, осветлување и зеленило.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Екологијаветено
Ќе се спроведат мерки за контрола на водотеците и спречување на порои во Демир Капија и Корешница.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Екологијаветено
Ќе се исчисти речното корито од наносен материјал, ќе се уреди крајбрежјето и ќе се засади ново зеленило.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Екологијаветено
Ќе се чистат дивите депонии во речното корито на реката Бошава, Челевечка Река и пороите во Корешница, Бистренци и Прждево.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Екологијаветено
Ќе се одржуваат постоечките паркови и ќе се изградат нови зелени површини во општината и околните села.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Екологијаветено
Ќе се организираат трибини и дебати за примарна селекција на комуналниот отпад и ќе се вклучат сите населени места во организирано собирање.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Екологијаветено
Ќе се унапреди собирањето, селектирањето и изнесувањето на сметот од градот и населените места со воведување нова опрема.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Екологијаветено
Ќе се санира и ревитализира просторот каде што се наоѓа постоечката депонија според сите стандарди и нормативи.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Инфраструктураветено
Ќе се изработат урбанистички планови за с. Дрен, с. Прждево, с. Корешница и с. Бистренци.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Инфраструктураветено
Ќе се урбанизираат нови простори за изградба на лесна и незагадувачка индустрија, зони за спорт и рекреација.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Дигитализацијаветено
Создавање дигитална платформа за вклучување на граѓаните во донесување на одлуки: онлајн анкети, јавни консултации.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Дигитализацијаветено
Воведување на дигитална платформа за општински услуги, со можност граѓаните да аплицираат за документи од дома.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Дигитализацијаветено
Воспоставување на отворен податочен систем каде што сите општински податоци ќе бидат јавно достапни преку онлајн платформа.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Дигитализацијаветено
Во соработка со телекомуникациските оператори, општината ќе иницира проширување на оптичката мрежа до сите населени места.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Дигитализацијаветено
Општината ќе воспостави мрежа на бесплатен јавен безжичен Интернет на повеќе точки на клучни локации.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Економија/Инвестицииветено
Општината ќе отвори програма за поддршка на претприемачки иницијативи во руралните средини.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Општината ќе обезбеди поддршка за женско претприемништво преку обуки, грантови и олеснет пристап до кредити.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Дигитализацијаветено
Формирање на дигитален центар во кој ќе се собираат стартапи и ученици/студенти кои работат на дигитални решенија.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Економија/Инвестицииветено
Општината ќе организира месечни базари за промоција и продажба на локални земјоделски, занаетчиски и гастрономски производи.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Екологијаветено
Формирање локален центар каде што младите инженери, занаетчии и претприемачи ќе можат да развиваат мали проекти за соларна енергија.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Образованиеветено
Во Општината ќе се воспостави програма за обука и менторство на земјоделци и мали производители.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Општината ќе воведе програма за поддршка на занаетчиите преку субвенции за алати и опрема.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Економија/Инвестицииветено
Ќе се изработи стратешки документ со анализа на потенцијалите на општината.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Економија/Инвестицииветено
Општината ќе обезбеди објект со канцелариски простор, интернет, правна и сметководствена помош за новоформирани фирми.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Образованиеветено
Во општината ќе се отвори мултифункционален центар кој ќе ги поврзува средните училишта, факултетите и локалните компании.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Економија/Инвестицииветено
Општината ќе формира специјален фонд кој ќе обезбедува грантови и менторска поддршка за млади претприемачи.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Економија/Инвестицииветено
Ќе се подобри соработката на земјоделците со граѓански организации и консултантски куќи за полесно аплицирање на проекти.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Економија/Инвестицииветено
Ќе се обезбедат поволни услови за инвестирање во изградба на погони за преработка на земјоделски производи.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Ќе се изгради систем за наводнување преку Дошничкиот и Бесвичкиот канал, кој ќе обезбеди стабилно снабдување со вода за земјоделските површини.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Патна инфраструктураветено
Ќе се реконструираат повеќе полски патишта на територијата на општина Демир Капија за да се овозможи полесен пристап на земјоделците до нивните обработливи површини.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Дигитализацијаветено
Ќе се создаде база на податоци со информации за пазарот, социо-економските карактеристики на општината и расположливите ресурси.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Ќе се обезбеди бесплатен оброк и курсеви по странски јазици за децата од социјално ранливи категории.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Образованиеветено
Секое дете што ќе започне во прво одделение ќе добие еднократна парична помош – 5.000 денари, а исто така сите првачиња ќе добијат бесплатен училиштен прибор и ранчиња.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Образованиеветено
Ќе се реализираат проекти за подобрување на претприемничките вештини во соработка со државни институции и експерти.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Во соработка со музеи и истражувачки екипи ќе се развијат археолошки тури за посетители заинтересирани за историјата и културното наследство на Демир Капија.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Туризамветено
Ќе се организираат тури за истражување на природните убавини на Демир Капија, со развој на спелео-туризам и авантуристички тури.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Ќе се вложува во подобрување на водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води во селата: Корешница, Бистренци, Дрен, Чифлик, Драчевица, Барово и Клисура.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Патна инфраструктураветено
Ќе се реконструираат улиците во селата: Корешница, Бистренци, Прждево, Чифлик и Дрен со современа асфалтна подлога и улична инфраструктура.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Економија/Инвестицииветено
Ќе се изработи техничка документација за секундарна гасоводна мрежа за градот Демир Капија и дел од населените места.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Инфраструктураветено
Обезбедување материјал (гребен асфалт) за проодни места во с. Драчевица, с. Копришница и патот кој ги поврзува Депанданс – Бесвица – Барово.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Инфраструктураветено
Изградба на автобуска постојка/станица (кабина) и уредување на просторот со урбана опрема, билетарница, чекална и тоалети.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Образованиеветено
Подобрување на условите за престој на деца во предучилишна возраст во ЈОУДГ „Борис Трајковски“ во Демир Капија, со цел зголемување на капацитетот за 20 деца.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Спортветено
Одбележување на велосипедски патеки во централното градско подрачје од обиколницата до градскиот парк покрај реката Бошава.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Организација на манифестација за празникот Св. Богородица, со намера да стане традиционална.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Здравствоветено
Отворање амбуланта за примарна здравствена заштита во руралните средини: с. Корешница, с. Бистренци и с. Прждево.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Промоција на традицијата и на алтернативниот туризам со обезбедени лиценцирани туристички водичи.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Изградба на сувенирница во склоп на винскиот музеј, која ќе нуди сувенири и брошури.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Инфраструктураветено
Изградба на фонтана на градскиот плоштад.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Туризамветено
Мапирање на кампинг-зони.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Инфраструктураветено
Мапирање и изградба на три паркинг-зони.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Отворање дневен центар за лица со попреченост.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Екологијаветено
Уредување на градска депонија и пункт за одведување на цврст отпад.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Спортветено
Изградба на спортско игралиште за љубителите на мал фудбал.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Патна инфраструктураветено
Асфалтирање на улици во с. Бистренци, с. Корешница, с. Чифлик и с. Прждево.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Инфраструктураветено
Изградба на мост од с. Бистренци до сепарацијата на Гранит, што ќе овозможи економски, сообраќаен и социјален развој.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Инфраструктураветено
Покривање на градскиот пазар во Демир Капија.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Надградба на водоводни системи во с. Бистренци и Барово.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Решавање на проблемот со водоснабдување во с. Корешница и с. Прждево.