Blog

ДАЛИБОР ТРАЈКОВСКИ

Ветувања

СДСМ · 2025Патна инфраструктураветено
Со овој проект се предвидува изградба на асфалтен пат што ќе го поврзе делот од Ветеринарна станица под мостот до ООУ „Христијан Карпош“ во с. Младо Нагоричане.
СДСМ · 2025Патна инфраструктураветено
Проектот предвидува изградба на асфалтен пат Никуњане - Челопек до манастир „ЗАБЕЛ“.
СДСМ · 2025Патна инфраструктураветено
Проектот предвидува изградба на пат во маалото Аџинци во с. Младо Нагоричане во должина од 650 метри.
СДСМ · 2025Патна инфраструктураветено
Проектот предвидува финализирање на вториот дел од асфалтниот пат што ќе ги поврзе двете маала во селото Долен Стрновец до маала Горен Стрновац.
СДСМ · 2025Патна инфраструктураветено
Проектот предвидува изградба на нов асфалтен пат што ќе го поврзе с. Драгоманце и с. Добрача во должина од 2 200 м.
СДСМ · 2025Инфраструктураветено
Изградбата на противпожарен дом претставува значаен инфраструктурен проект што има цел да ја зголеми безбедноста на жителите и да овозможи побрза и поефикасна заштита од пожари и други елементарни непогоди.
СДСМ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Изградбата на канализациска мрежа во с. Старо Нагоричане е капитален и стратегиски проект со кој трајно ќе се реши едно од најтешките прашања на жителите - управување со отпадните води.
СДСМ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Изградбата на канализациска мрежа во с. Младо Нагоричане претставува капитален проект со кој директно ќе се подобри квалитетот на живот на жителите и ќе се заштити животната средина.
СДСМ · 2025Дигитализацијаветено
Финансиран јавниот линиски превоз на линијата Кумново - Дејлов Преслап во висина од 50.000,00 денари на месечно ниво.
СДСМ · 2025Образованиеветено
Помош за секој ученик запишан во прво одделение во учебна 2024/2025 година во висина од 3.000,00 денари.
СДСМ · 2025Образованиеветено
Исплата на еднократен паричен надоместок на секој студент во Општина Старо Нагоричане.
СДСМ · 2025Култураветено
Финансиска поддршка за организирање на манифестацијата „Бајловски средби“ во соработка со Здружението „Козјачија во срцето“.
СДСМ · 2025Спортветено
Финансиска поддршка за активностите на фудбалскиот клуб „Козјак“ за привлекување на млади лица.
СДСМ · 2025Социјална заштитаветено
Зголемување на износот за секое новороденче на 30.000,00 денари и ослободување од плаќање надоместок за вода во рок од 2 години.
СДСМ · 2025Инфраструктураветено
Набавка на патничко моторно возило за потребите на општинската администрација за подобрување на услугите.
СДСМ · 2025Патна инфраструктураветено
Асфалтирање на 22 км улици во општината за подобрување на патната мрежа и безбедноста на сообраќајот.