Ја објавивме „Дали е AI?“: бесплатен AI детектор за македонски текстови

Дали е AI? - AI детектор на македонски

Институт Демократика ја објави „Дали е AI?“, бесплатна дигитална алатка за анализа на текстови на македонски јазик. Достапна на dalieai.mk, алатката им помага на корисниците да ги препознаат јазичните и структурните обрасци што се среќаваат кај текстови пишувани со вештачка интелигенција.

Проверка на македонски текст, на едно место

Залепете текст или прикачете PDF, DOCX или TXT документ и изберете „Провери текст“. Детекторот е наменет за текстови од 30 до 5.000 зборови на македонска кирилица: од домашни задачи, есеи и семинарски работи до статии, деловни текстови и објави за социјални мрежи.

Резултатот се прикажува преку јасен индикатор и објаснување на препознаените показатели. Корисниците можат да преземат слика со резултатот или да ја споделат преку апликациите што ја поддржуваат таа можност.

Како може да ја користат наставниците?

При преглед на домашни задачи, состави и есеи. Ако текстот отстапува од вообичаениот израз на ученикот, наставникот може да ја користи алатката за дополнителен увид во неговите јазични обрасци. Следниот чекор е споредба со претходни трудови и разговор со ученикот за начинот на изработка, користените извори и заклучоците. Самата проценка не е основа за оценка или санкција.

Како вежба за дигитална писменост. На час може да се споредат ученички текст и пример создаден со ВИ. Учениците можат да разговараат за повторувањата, структурата, проверката на факти и за тоа зошто детекторите понекогаш грешат.

Други практични примери

За ученици и студенти: дополнителен преглед на домашна задача, есеј или семинарска работа, особено ако ВИ била користена при уредувањето. Анализата може да биде повод да се разгледаат повторливите формулации и да се објасни како е создаден трудот.

За новинари и уредници: дополнителен чекор при преглед на доставени статии и прилози, заедно со проверката на фактите и изворите.

За автори на објави за социјални мрежи: увид во препознаените обрасци во текст за Facebook, Instagram или LinkedIn пред објавување.

Развиена врз истражување на македонскиот јазик

Истражувачката основа опфаќа 39,5 милиони зборови во 115.666 целосни статии и 39.092 пасуси прегледани во контекст. Дополнителните споредби вклучуваат 2.000 парови од човечки и генерирани текстови и корпус од 2.500 генерирани текстови од различни жанрови.

Детекторот ги разгледува формулациите, повторувањата, структурата и ритамот на пишување заедно. Дополнителните проверки служат за доработување на проценката, со цел помалку човечки текстови погрешно да бидат означени како ВИ.

Проценката е јазичен показател, а не доказ за авторство или за користење конкретна алатка како ChatGPT. Внесениот текст не се зачувува од приклучокот и при проверката не се испраќа до надворешни генеративни ВИ сервиси.

Со „Дали е AI?“ ја надополнуваме нашата збирка граѓански дигитални алатки со нов ресурс за медиумска писменост и критичко читање.

Отворете ја алатката на dalieai.mk

Поврзани објави

Оставете коментар

Други објави

Институт Демократика достави 115 предлози за измени на Нацрт-просторниот план 2021-2040
8. октомври, 2026
Грчки DAEDALUS: Од рудник до суперкомпјутер од светска класа. Македонија е партнер.
23. октомври, 2026
Син радар поврзан со документи, мрежа од извори и проверка на слики на бела позадина
OSINT.MK е новото место за независно (open source) истражување
24. септември, 2026

Категории