Северна Македонија постигнала добар напредок во дигиталната трансформација, оценува Европската комисија во Извештајот за 2026 година, објавен на 4 ноември. Сепак, електронската идентификација и електронскиот потпис и понатаму не се доволно едноставни и бесплатно достапни за граѓаните. Станува збор за проблем на кој Европската комисија укажува во три последователни годишни извештаи, од 2024 до 2026...