Земјоделството, како основна или дополнителна егзистенцијална дејност за голем дел од работното население во нашата општина, се соочува со низок степен на развој и сериозни предизвици. Потребни се итни и конкретни мерки за подобрување на состојбата, како што се обуки, семинари, групирање во здруженија и заеднички пласман на пазарот.