Blog

ЖАКЛИНА ФИЛИПОВА-СВЕЌАРОВСКА

ЛЕВИЦА · Кочани

Ветувања

ЛЕВИЦА · 2025Јавен простор/урбанизамветено
Ослободување на узурпираните тротоари и јавни површини од нелегално поставена урбана опрема.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Едукација на населението за одговорно чување миленици.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Изградба на стационар за хуман третман за бездомни животни со можност за посвојување на истите од страна на граѓаните.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Изградба на паркови за кучиња опремени со сите потребни реквизити.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Воспоставување на можност за субвенционирање на трошоците за стерилизација на домашните миленици со цел намалување на ризикот за неконтролирано размножување.
ЛЕВИЦА · 2025Јавна безбедностветено
Ставање во функција и оспособување на сите неисправни хидранти во колективните стамбени објекти во Кочани.
ЛЕВИЦА · 2025Јавна безбедностветено
Изведување координирани показни вежби за хипотетички природни непогоди и други несреќи од поголеми размери.
ЛЕВИЦА · 2025Јавна безбедностветено
Организирање превентивни обуки за заштита и спасување на луѓето и имотот.
ЛЕВИЦА · 2025Јавна безбедностветено
Поставување хидранти до капиталните градски објекти со цел нивна ефикасна заштита.
ЛЕВИЦА · 2025Јавна безбедностветено
Осовременување на возниот парк на територијалната Противпожарна служба за подобрување на ефикасноста во заштитата на граѓаните.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Воведување програма за субвенционирање на долговите за вода и комуналии, струја на сиромашните семејства.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Изградба на дом за стари лица.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Интензивен развој и субвенционирање на алтернативниот туризам (планински, манастирски, рурален/селски).
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Поддршка за градски хорови, оркестри, фолклорни ансамбли, здруженија и други културни асоцијации и нивно активирање во рамките на културните установи.
ЛЕВИЦА · 2025Образованиеветено
Бесплатна исхрана за сите ученици во основните и средни училишта.
ЛЕВИЦА · 2025Образованиеветено
Реновирање на училишта во Кочани и околните села (кровови, училници, ходници, врати, прозори, санитарни јазли во училишните згради и сл.).
ЛЕВИЦА · 2025Водовод/Канализацијаветено
Изградба на сеопфатна атмосферска канализација.
ЛЕВИЦА · 2025Водовод/Канализацијаветено
Нова, ефикасна систематизација со цел обезбедување рентабилно работење на КЈП „Водовод“.
ЛЕВИЦА · 2025Паркирањеветено
Изградба на катни гаражи заради решавање на горливиот проблем со немање доволен број паркинг места.
ЛЕВИЦА · 2025Јавен превозветено
Воведување на автобуски линии кон сите села.
ЛЕВИЦА · 2025Патна инфраструктураветено
Редовно поправање на коловозите со цел да нема оштетени возила поради несоодветни услови на градските улици.
ЛЕВИЦА · 2025Екологијаветено
Уредување на коритото на Кочанска река со пешачки патеки и урбано зеленило.
ЛЕВИЦА · 2025Патна инфраструктураветено
Нова пешачка и велосипедска патека од населба Бавчалук до брана Градче.
ЛЕВИЦА · 2025Спортветено
Ставање во функција на градскиот базен негово реновирање и модернизација по најсовремени стандарди.
ЛЕВИЦА · 2025Водовод/Канализацијаветено
Замена на старата водоводна и одводна мрежа.
ЛЕВИЦА · 2025Економија/Инвестицииветено
Когенеративна централа за топлинско снабдување на сите јавни институции во Општината.
ЛЕВИЦА · 2025Инфраструктураветено
Дислокација на пазарот и изградба на затворен пазар на соодветна локација. Санација и пренамена на постојната зграда на пазарот во административна зграда на јавното претпријатие.
ЛЕВИЦА · 2025Економија/Инвестицииветено
Ставање во функција на јавното претпријатие со цел поставување и одржување соларни панели кои ќе обезбедат евтина електрична енергија и ќе создадат нови, зелени работни места.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Функционална мрежа на урбани заедници, како систем за граѓанска партиципација и враќање на месните заедници како облик на непосредно територијално самоорганизирање.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Организирање локални референдуми, иницијативи и граѓански собири, како алатка за планирање на развојот на општината.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Заложба општината да се вложи во иницирање јавна дебата за законски измени, бројот на мандати на градоначалниците ќе се ограничи на максимум два; ќе се ослободат инструментите на непосредната демократија во локалната самоуправа.