Ветувања
Пробивање на алтернативен друмски пат до село Ѓопчели за прибирање на стоката до атарот на самото село.
Изградба на летна сцена во Стар Дојран на која ќе се одвиваат сите културни и забавни настани.
Трансформација и внатрешна реконструкција на Домот на културата во Нов Дојран за потребите на културни, забавни и на секаков вид други манифестации.
Потребно е да се преземат конкретни мерки за подобрување на хигиената и нејзино подигнување на повисоко ниво.
Итно и целосно да се врати во функција хидросистемот за спас, за да се подобри квалитетот на водата во Дојранското Езеро.
Неопходно е субвенционирање на младите по различни основи, а се со цел нивен просперитет и напредок во сопственото место на живеење.
Набавка и донации на повеќе возила и опрема за потребите на јавните претпријатија и на Доброволното противпожарно друштво.
Изградба на нова прочистителна станица што ќе ги задоволи потребите на локалните жители како и на посетителите за време на туристичката сезона.