Ветувања
Формирање на советодавно тело составено од пензионери и угледни граѓани за подобрување на животот во заедницата.
Воведување електронски седници на Советот на општината за зголемување на транспарентноста.
Создавање на прва општинска програма за обука на млади во областа на вештачката интелигенција и програмирање.
Воведување на ограничување на брзината на 30 km/h за намалување на загадувањето и жртвите во сообраќајот.
Изградба на нови паркинг-места за подобрување на пристапот и безбедноста во населбите.
Систематска реконструкција на улиците во Општина Аеродром за подобрување на безбедноста и квалитетот на животот.
Целосна изградба на булеварот „АСНОМ“ за поврзување на Аеродром и Гази Баба.
Реконструкција и озеленување на парковите и зелените површини во Аеродром, со обврска на инвеститорите да насадат садници.
Изградба на нова гасна когенеративна централа за топлификација на Лисиче, со инсталирање на 110 км подземна топловодна инфраструктура.