Жените како двигател на бизнисот: Најпопуларни индустрии за започнување бизнис во 2023 година

Според најновите истражувања на Институт Демократика, жените продолжуваат да играат значајна улога во претприемништвото во Северна Македонија. Во 2023 година, 29% од новорегистрираните правни субјекти биле основани од жени. Оваа анализа е заснована на 2,464 извештаи за основање на правен субјект во 2023 година. Сепак, и покрај овие бројки, повторно се забележува значителна родова нееднаквост во преприемништвото.

Помалку од една третина од правните субјекти основани во 2023. се основани од жени.

Потребно е да се засили поддршката за создавање соодветна средина, за да можат жените претприемачи успешно да ги развиваат своите бизниси и значително да придонесат за економијата на земјата.

Анализата покажа дека во 2023 година и жените и мажите најмногу интерес покажале за отворање ресторани, додека најголемата разлика е во дејноста – фризерски салони и салони за разубавување. Жените сочинуваат 6.91% од новите бизниси во оваа индустрија, додека мажите само 1.52%, што претставува разлика од 5.39%.

Најпопуларни дејности за жените претприемачи:

  • Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на храна – 7.76%
  • Дејности на други организации врз база на зачленување, неспомнати на друго место – 7.05%
  • Фризерски салони и салони за разубавување – 6.91%
  • Трговија на мало со облека во специјализирани продавници – 4.80%
  • Трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалаци и тутун – 3.67%
  • Сметководствени, книговодствени и ревизорски работи; даночно советување – 2.82%
  • Производство на леб; слатки (колачи, торти) во свежа состојба и бисквити (кекси) – 2.68%
  • Дејности на советување во врска со работобето и останато управување – 2.54%
  • Дејности за нега и одржување на телото – 2.40%
  • Товарен патен транспорт – 2.12%
  • Одржување и поправка на моторни возила – 1.83%
  • Трговија на мало со текстил во специјализирани продавници – 1.83%
  • Компјутерско програмирање – 1.69%
  • Агенции за маркетинг – 1.55%
  • Производство на електрична енергија – 1.55%
  • Друга трговија на мало во неспецијализирани продавници – 1.55%
  • Неспецијализирана трговија на големо – 1.55%
  • Останати забавни и рекреативни дејности, неспомнати на друго место – 1.41%
  • Подготовка и послужување на пијалаци – 1.41%
  • Трговија на мало со цвеќе, садници, семе, ѓубриво, домашни миленици и храна за нив во специјализирани продавници – 1.41%

Related Posts

Leave a Reply

Други објави

Добредојдовте! – Тимот на Институт „Демократика“
11. јуни, 2023

Категории