Blog

ТОМЕ ХРИСТОСКИ

СДСМ · Крушево

Ветувања

СДСМ · 2025Култураветено
Промоција на Крушево како дестинација за четири сезони за привлекување на туристи и развој на локалната економија.
СДСМ · 2025Здравствоветено
Набавка на теренско противпожарно возило за подобрување на безбедноста и заштитата од пожари во општината.
СДСМ · 2025Спортветено
Поддршка на меѓународните и светските првенства во параглајдинг, како и на културните манифестации за промоција на Крушево.
СДСМ · 2025Спортветено
Поддршка на спортските клубови, здруженијата и иницијативите на рекреативните спортски активности за развој на спортот во општината.
СДСМ · 2025Екологијаветено
Поостри инспекции и казнени мерки за сопствениците на домашни животни кои несовесно ги пуштаат на јавни површини.
СДСМ · 2025Екологијаветено
Зголемен буџет за третирање на кучњата скитници за подобрување на јавната хигиена и безбедноста на граѓаните.
СДСМ · 2025Социјална заштитаветено
Имплементација на проектот за Општинска корисна работа со која ќе обезбедиме помош и поддршка на старите и изнемоштените лица во нивните домови.
СДСМ · 2025Социјална заштитаветено
Ќе продолжиме со еднократна финансиска поддршка на социјално ранливите категории граѓани, со фокус на најзагрозените семејства и поединци.
СДСМ · 2025Образованиеветено
Поддршка на развојот на дуалното образование во Крушево преку воспоставување партнерства со локалните бизниси за квалитетна практична обука за учениците.
СДСМ · 2025Образованиеветено
Континуирано субвенционирање за сите средношколци од општината што ќе учат во СОУ „Наум Наумовски – Борче“ за да ги поддржиме младите и да ги олесниме трошоците поврзани со образованието.
СДСМ · 2025Социјална заштитаветено
Финансиска поддршка за секое новороденче во Општина Крушево, за поддршка на младите семејства.
СДСМ · 2025Јавен простор/урбанизамветено
Планирање на населба за домување во близина на поранешната фабрика Илинденка за создавање на нови стамбени капацитети.
СДСМ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Изградба на систем за водоснабдување на населба „Трстеник“ за подобрување на комуналната инфраструктура и условите за живеење.
СДСМ · 2025Економија/Инвестицииветено
Проектот предвидува урбанистичко проширување на Индустриската зона „Опаленик“ за создавање на поволно деловно опкружување и поддршка на малите и средни претпријатија.
СДСМ · 2025Образованиеветено
Во „Горната училишна зграда“ ќе се опреми простор за младински центар што ќе има бројни придобивки за младите во општината. Отворањето на Младински центар во Крушево ќе овозможи подобрување на благосостојбата на младите.
СДСМ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Проектот се однесува на изградба на канализациски системи во населените места Алданци, Пресил, Св. Митрани, Врбоец, изградба на нови краци во с. Норово. Со изградбата на канализациските системи во населените места значително ќе ја подобриме комуналната инфраструктура.
СДСМ · 2025Образованиеветено
Проектот опфаќа реконструкција на подрачните училишта во руралните населби, со цел подобрување на условите за образование.
СДСМ · 2025Спортветено
Проектот опфаќа трасирање на нови патеки и интеграција со постојната туристичка мрежа, со цел да се промовира Крушево како дестинација за планински велосипедизам.
СДСМ · 2025Патна инфраструктураветено
Проектот предвидува изградба на нов пат до локалитетот Ручало и ново полетувалиште за параглајдеристи, со цел да се поттикне развојот на авантуристичкиот туризам.
СДСМ · 2025Патна инфраструктураветено
Проектот опфаќа изградба на локален пат до манастирите, со цел да се обезбеди безбеден пристап за верниците и туристите.
СДСМ · 2025Спортветено
Проектот опфаќа уредување на детско-рекреативни паркови во Крушево и населените места, со цел да се создадат функционални простори за деца и млади.
СДСМ · 2025Економија/Инвестицииветено
Проектот опфаќа подобрување на техничкото решение за кровната конструкција и обновување на фасадата, со цел создавање на функционален и хигиенски безбеден јавен простор.
СДСМ · 2025Култураветено
Проектот предвидува зачувување на културното добро и обновување на фасадата, со цел развој на културниот туризам.
СДСМ · 2025Спортветено
Проектот опфаќа изградба на детски рекреативен парк, пешачки патеки и поставување на „smart led“ осветлување, со цел да се создаде атрактивна локација за посетителите.
СДСМ · 2025Патна инфраструктураветено
Изградба, доградба или реконструкција на улици и пешачки патеки во Крушево и населените места, со цел да се обезбеди безбеден и квалитетен пристап до дом.
СДСМ · 2025Спортветено
Проектот се однесува на формирање градежна парцела за изградба на два терени за полетување, што ќе придонесе за зголемување на туристичката понуда.
СДСМ · 2025Патна инфраструктураветено
Фазата 1 од изградбата на обиколницата се однесува на изградба на приклучоци и делови од обиколницата околу Крушево, со цел унапредување на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на животот.
СДСМ · 2025Екологијаветено
Целта на овој проект е да се создаде одржлив, ефикасен и еколошки систем што ќе го третира отпадот како ресурс, а не како проблем.
СДСМ · 2025Екологијаветено
Проектот опфаќа систем за примарна и секундарна селекција на отпадот, со воспоставување центар за управување со отпадот и чистење на дивите депонии.
СДСМ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Целосна реконструкција на пумпната станица во с. Норово за водоснабдување на градот Крушево, со замена на застарена опрема.
СДСМ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Проектот се однесува на реконструкција и доизградба на водоводната мрежа во Крушево, со цел да се обезбеди сигурен и квалитетен доток на вода.
СДСМ · 2025Спортветено
Реконструкција и модернизација на спортските терени на Гумење и во населените места, со финансиска и логистичка поддршка за спортски клубови.
СДСМ · 2025Култураветено
Отворање Младински центар како простор за креативно изразување, соработка и менторство, со финансиска поддршка за локални културни настани.
СДСМ · 2025Образованиеветено
Континуирана поддршка на истакнати ученици и социјално ранливи категории, финансиска поддршка за секој запишан ученик во СОУ „Наум Наумоски – Борче“ и поддршка за дуално образование.
СДСМ · 2025Екологијаветено
Најголем приоритет ќе биде обезбедување чиста и здрава животна средина, со ефикасно управување со отпадот и редовно одржување на јавните простори. Ќе се спроведат акции за чистење и пошумување.
СДСМ · 2025Јавен простор/урбанизамветено
Ќе продолжиме да работиме на создавање функционален и безбеден јавен простор, со акцент на сообраќајната безбедност и подобрување на сообраќајната култура. Ќе изградиме паркинг-простори и ќе регулираме сообраќајот во централното градско подрачје.
СДСМ · 2025Екологијаветено
Санирање на браната на езерото за подобрување на безбедноста.
СДСМ · 2025Осветлувањеветено
Модернизација на уличното осветлување во општината.
СДСМ · 2025Култураветено
Развој на центар за параглајдинг со полетувалишта и паркинзи.
СДСМ · 2025Спортветено
Изградба на нови детски игралишта во општината.
СДСМ · 2025Спортветено
Реконструкција на постоечката спортска сала за подобрување на спортските активности.
СДСМ · 2025Социјална заштитаветено
Обезбедување на поддршка за ранливи категории во општината.
СДСМ · 2025Образованиеветено
Реновирање на училишта за подобрување на условите за образование.
СДСМ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Изградба на нови резервоари за питка вода во општината.
СДСМ · 2025Патна инфраструктураветено
Реконструкција на патот до Крушевско Езеро и повеќе улици во Крушево и селата.
СДСМ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Изградба на нови доводни цевководи за подобрување на водоснабдувањето во општината.