Ветувања
Изградбата на детски паркови е инвестиција во најмладите и во иднината на нашата општина.
Со изградба на модерен археолошки музеј, ќе се создаде центар за заштита, презентација и едукација на јавноста за богатата историја на нашиот крај.
Воведување нов систем на собирање и управување со отпадот во Општина Валандово.
Планираме набавка на канти за селекција на отпад за секое семејство и специјализирани возила.
Инвестирање во нови тротоарски површини, еднонасочни улици и кружни текови за подобрување на безбедноста.
Обезбедување 5 милиони денари за спортот и организирање културни настани од различен тип.
Зголемување на еднократната парична помош за новородено дете од 5,000 денари на 30,000 денари.
Изградба на улици во Валандово, Пирава, Удово, Балинци за подобрување на патната инфраструктура.
Реконструкција на тротоари на ул. „Моша Пијаде“ во Валандово за подобрување на пешачката инфраструктура.