Blog

ЈОРДАНЧЕ КОСТАДИНОВ

ВМРО-ДПМНЕ · Чешиново Облешево

Ветувања

ВМРО-ДПМНЕ · 2025Дигитализацијаветено
Ќе воведеме дигитална јавна интернет-алатка за пријавување, следење и решавање на проблеми од ингеренции на ЕЛС и ЈКП.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Дигитализацијаветено
Опремување на јавни простори (автобуски постојки) со електронски полначи и интернет-мрежа.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Екологијаветено
Обезбедување ново возило за собирање отпад, нови контејнери и унапредување на состојбата со селекција на отпад.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Екологијаветено
Обезбедување нови теренски возила за потребите на секторот за урбанизам и ЈП.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Екологијаветено
Засадување нови шумски насади во околината на населените места и континуирано пошумување.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Образованиеветено
Опремување на објект за детска градинка (во фаза на изработка).
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Образованиеветено
Субвенционирање на здрава храна со воведување бесплатен оброк за секое дете во градинките и училиштата.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Образованиеветено
Модернизација на двете основни училишта во општината со нивно целосно опремување со ИТ опрема.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Формирање на интегрирана туристичка мапа на општина Чешиново-Облешево и културно-информативен сервисен центар за развој на туристичките капацитети.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Отворање етно-музеј опремен со реквизити и стари работи кои се одлика на животот на нашето поблиско и подалечно минато.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Реставрирање и конзервирање на стари објекти (цркви и манастири) во населени места кои го покажуваат културното историско наследство.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Спортветено
Поддршка на спортски манифестации на територијата на општината (ИСИ Чешиново, турнири во одбојка и мал фудбал).
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Спортветено
Субвенционирање и поддршка на постоечки и формирање на нови спортски клубови во општината.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Помош и поддршка за невладини здруженија при реализација на проекти од интерес на локалната заедница.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Субвенции за ранливи категории граѓани: инвертер-клими, топлински пумпи и велосипеди.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Образованиеветено
Средношколски и студентски стипендии за вклучување ученици во општински проекти преку активно учество во креирање проекти и програми.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Еднократен детски додаток за секое новородено дете.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Социјална заштитаветено
Ослободување од комунални давачки за прва нова куќа за брачни парови до 40 години.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Економија/Инвестицииветено
Субвенционирање на стари занаетчиски професии и дуќани во општината.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Економија/Инвестицииветено
Проект за доуредување на постоечката индустриска зона и создавање нови можности за развој на локални бизниси.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Економија/Инвестицииветено
Формирање на стручен земјоделски совет и земјоделски институт за ориз.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Економија/Инвестицииветено
Изработка на проектна документација за земјени зафати на водотеци од Плачковица.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Култураветено
Изработка на проектна документација за изградба на туристички рекреативен центар кај фазанерија Чифлик.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Ќе биде изградена пречистителна станица во Чифлик по фази, во тековна реализација.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Доградба на канализацијата во Облешево, Спанчево, Бање, Соколарци, Чешиново, Чифлик, Улараци, Кучичино.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Проектна документација, потребни дозволи и нов зафат за површински води и нови бушотини во Теранци, Соколарци, Жиганци, Спанчево за подобрување на постоечкиот систем.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Инфраструктураветено
Асфалтирање на улици во села Спанчево, Соколарци, Бање, Облешево, Жиганци, Улараци, Чешиново, Кучичино, Бурилчево, Чифлик, Теранци, Новоселани во вкупна должина од околу 20 км.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Патна инфраструктураветено
Подготвителни активности и изработка на проект за отварање на приклучна точка на експресниот пат Штип–Кочани кај Соколарци.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Екологијаветено
Чистење, реконструкција и одржување на одводен канал во Бање, Спанчево, Соколарци, Чешиново и Улараци.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Изработка на проектна документација и почеток со градба за канализација за Теранци, Бурилчево и Жиганци, и доградба на канализација за Облешево, Чифлик, Кучичино, Улараци, Бање и Чешиново.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Водовод/Канализацијаветено
Подготвителни активности, изработка на техничка документација и почеток со градба на проект за снабдување со вода за пиење и реконструкција на цевковод за Облешево, Чифлик, Чешиново и Улараци.
ВМРО-ДПМНЕ · 2025Патна инфраструктураветено
Подготвителни активности, геомеханички испитувања, изработка на техничка и проектна документација за изградба на пат кој ќе ги поврзува регионалниот пат и мостот кај Теранци со експресниот пат Штип-Кочани.