Blog

АНТОНИО ДИМИТРОВ

ЛЕВИЦА · Карпош

Ветувања

ЛЕВИЦА · 2025Економија/Инвестицииветено
Формирање на мини пазари со фокус на локални производители, занаетчии и земјоделци, со цел да се избегнат прекупци и нелојална конкуренција.
ЛЕВИЦА · 2025Локален развојветено
Соработка со Факултетот за туризам и менаџмент за креирање на понуди и стратегија за привлекување туристи и генерирање економски бенефит.
ЛЕВИЦА · 2025Општинска администрацијаветено
Обнова и поставување на нови информативни табли и патокази за подобрување на културата на урбано живеење.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Создавање на нови рекреативни мини зони со опрема за вежбање од природни материјали и едукативни табли по патеките.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Обновување на сите детски игралишта и додавање повеќе реквизити во нив, како и нови локации со справи за вежбање.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Создавање на мултимедијален простор каде би се одржувале изложби, поетски читања, приредби и други настани, со пренамена на општински објект за оваа намена.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Подигнување споменици на Петар Карпош и Христијан Тодоровски Карпош по повод 50 години од основањето на Општина Карпош.
ЛЕВИЦА · 2025Здравствоветено
Иницирање на постапка за реновирање на субстандардните амбуланта во Козле и на Диспанзерот во Карпош 1.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Социјална кујна за регистрираните социјално загрозени семејства, со бесплатни оброци подготвувани од кујните во градинките и дистрибуирани до нивните домови.
ЛЕВИЦА · 2025Безбедностветено
Обновување на хидрантската инфраструктура и противпожарна заштита во објектите и станбените единици низ Карпош, со цел ефикасна заштита при евентуален пожар.
ЛЕВИЦА · 2025Безбедностветено
Ќе воведеме систематско и детално решение за подобрување на безбедноста во сите населби преку инфраструктурни решенија како легнати полицајци и огради на излезите пред сите градинки и училишта.
ЛЕВИЦА · 2025Образованиеветено
Реновирање на сите спортски игралишта во училиштата и обновување на дворовите на градинките. Спортските игралишта ќе се отворат за децата, а не за приватните фирми.
ЛЕВИЦА · 2025Образованиеветено
Формирање на општинско тело за набавки за оптимизација на трошоците за исхрана и материјали во градинките и училиштата.
ЛЕВИЦА · 2025Паркирањеветено
Изградба на монтажни и подземни паркинзи за ослободување на тротоарите и подобрување на сообраќајот.
ЛЕВИЦА · 2025Транспортветено
Обезбедување на сопствени возила и превоз за новите општински линии, вклучувајќи бесплатен превоз за социјално загрозени.
ЛЕВИЦА · 2025Образованиеветено
Изградба на нови градинки во населбите Злокуќани и Влае 2 за подобрување на образовните услуги.
ЛЕВИЦА · 2025Патна инфраструктураветено
Решавање на експропријацијата и притисок кон градските власти за остварување на проектот за подобра поврзаност со Влае.
ЛЕВИЦА · 2025Инфраструктураветено
Подигање на квалитетот на живот во постарите згради со замена на фасади, лифтови и централно греење.
ЛЕВИЦА · 2025Економија/Инвестицииветено
Субвенционирање на млади парови кои купуваат заеднички стан по прв пат, со изградба на објекти на државно земјиште.
ЛЕВИЦА · 2025Јавен простор/урбанизамветено
Иницирање на ревизија и преработка на сите предложени и постоечки Детални урбанистички планови во интерес на карпошани.
ЛЕВИЦА · 2025Здравствоветено
Обезбедување на пристап и инфраструктура до централно греење за сите домаќинства во Карпош. Конверзија на институции кои користат мазут на централно греење.
ЛЕВИЦА · 2025Екологијаветено
Обезбедување на најмалку по едно дрво на урбана површина за секој карпошанец. Организирање акција садење дрво за секој првоодделенец.
ЛЕВИЦА · 2025Екологијаветено
Формирање на Општинско претпријатие за чистота и зеленило за одржување на јавните површини во Карпош. Ветуваме изградба на компостара, погони за рециклирање, нова механизација и системи за наводнување.