Blog

АМАР МЕЦИНОВИЌ

👤
ЛЕВИЦА · Град Скопје

Ветувања

ЛЕВИЦА · 2025Јавна безбедностветено
Поддршка за воведување на редовни пешачки и велосипедски патроли.
ЛЕВИЦА · 2025Јавна безбедностветено
Формирање на градски совет за безбедност, кој ќе ја координира соработката помеѓу Градот и Министерството за внатрешни работи.
ЛЕВИЦА · 2025Јавна безбедностветено
Вработување на сите пожарникари на неопределено време, соодветно на нивниот труд и ризик.
ЛЕВИЦА · 2025Јавна безбедностветено
Спроведување на јавен повик за вработување согласно меѓународните стандарди за број на пожарникари по жител.
ЛЕВИЦА · 2025Јавна безбедностветено
Набавка на стандардизирана и квалитетна заштитна опрема, униформи и термичка заштита.
ЛЕВИЦА · 2025Јавна безбедностветено
Отстранување на дотраените и небезбедни возила постари од 30 години.
ЛЕВИЦА · 2025Јавна безбедностветено
Набавка на современи, специјализирани противпожарни возила (урбани, теренски, за височини).
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Градежно прилагодување на влезовите на јавните згради за непречен пристап.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Целосна пристапност на главните улици и јавни установи (банки, здравствени домови, училишта, спортски сали, библиотеки, паркови).
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Поставување 3D принт копчиња во лифтовите за лица со оштетен вид.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Звучни сигнали на сите раскрсници за слепите лица.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Дневен центар со сензорна соба и дидактички материјали за деца со аутизам.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Отворање дневни центри за лицата со попреченост со дополнителен стручен кадар.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Формирање на посебен солидарен фонд за еднократна интервентивна помош во случаи на моментален ризик (незгода, смрт, болест и сл.).
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Обезбедување на училишни пакети за учениците од социјално ранливи семејства.
ЛЕВИЦА · 2025Дигитализацијаветено
Поставување на WiFi клупи во парковите низ градот.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Даночни олеснувања за угостителски објекти кои овозможуваат оброк за бездомни или социјално загрозени лица.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Бесплатни тренинзи по спортски дисциплини, часови по танцување, музика и цртање за деца од социјално загрозени семејства.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Организирање на народни кујни во соработка со локалното население и локалните бизниси.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Пронаоѓање трајни решенија за згрижување на бездомниците.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Континуирани обуки за преквалификација и дофаклификација на невработените лица во градските простории.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Воведување програма за заштита од „енергетска сиромаштија“ (субвенционирање на долговите за вода и комуналии на сиромашните семејства).
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Служба 24/7 за помош и нега на стари и изнемоштени лица кои живеат сами или немаат кој да се грижи за нив.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Поддршка за основање и одржување на пензионерски клубови.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Иницијатива за соработка со Министерството за локална самоуправа за изградба на „Младински куќи“ – културно-уметнички задруги.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Левица во мандатот од 2025 до 2029 година ќе овозможи платена пракса за студенти.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Вработување на поголем број високообразован стручен кадар во градинките, со цел непречена можност за двосменско работење.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Отворен повик за идеи – еднаш годишно граѓанин може да предложи културен проект кој градот ќе помогне да се реализира.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Културни советници од заедницата: Волонтери од различни општини кои даваат повратна информација за културните потреби на терен.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Граѓански буџет за култура – дел од културниот буџет (на пример 10%) се одлучува преку јавно гласање: граѓаните предлагаат и гласаат за идеи.
ЛЕВИЦА · 2025Економија/Инвестицииветено
Годишна награда за „Културен мецена на годината“ – за бизниси кои инвестират во култура.
ЛЕВИЦА · 2025Економија/Инвестицииветено
Кампања „Купи локално уметничко дело“– поврзување на граѓани и компании со локални уметници.
ЛЕВИЦА · 2025Дигитализацијаветено
Уметнички NFT пазар за македонски креатори – градот како партнер во изградба на дигитална галерија.
ЛЕВИЦА · 2025Дигитализацијаветено
Уметност + технологија хакатони: Иновативни викенд-манифестации за креација на културни технолошки решенија (апликации, игри, дигитални изложби).
ЛЕВИЦА · 2025Дигитализацијаветено
Скопје XR (Extended Reality) проект: Поддршка за уметници кои работат со виртуелна реалност (VR), проширена реалност (AR) и интерактивни медиуми.
ЛЕВИЦА · 2025Екологијаветено
Енергетска ефикасност во културните институции: преуредување со соларни панели и термоизолација.
ЛЕВИЦА · 2025Екологијаветено
Културни простори на отворено: користење на паркови, кровови, напуштени простори како алтернативни сцени.
ЛЕВИЦА · 2025Екологијаветено
Културни градини: заеднички зелени простори (во запуштени дворови, покриви или бетонски платоа) каде ќе се одржуваат мали настани, читања, изложби.
ЛЕВИЦА · 2025Дигитализацијаветено
Стриминг платформа за локални театрални и музички настани, достапна за граѓаните што не можат физички да присуствуваат.
ЛЕВИЦА · 2025Дигитализацијаветено
Дигитална архива на скопски културни проекти – отворен пристап за истражувачи, новинари, ученици.
ЛЕВИЦА · 2025Дигитализацијаветено
Онлајн платформа „Културно Скопје“ – календар со сите настани, онлајн билети, мапи.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Програми за социјално загрозени и маргинализирани групи – културни активности во ромски населби и сл.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Пристапност за лица со попреченост: сите културни објекти да имаат пристап за лица со хендикеп.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Ноќ на културата во Скопје – еднаш годишно, цел град станува сцена: Библиотеки, барови, улици и кина отворени до полноќ.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Финансиска и логистичка поддршка за локални фестивали: Звукот на Скопје, Македонија, Здраво млади, АртАреа…
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Соработка со светски културни институти за споделени програми.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Училишна културна недела: секоја година во мај – сите училишта организираат театар, музика, ликовни изложби и настани отворени за јавноста.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Програма „Млад куратор“: млади од средни училишта и факултети да куратат изложби, концерти и настани.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Граѓански културни совети: во секоја општина – жители предлагаат и гласаат за културни настани што ќе се организираат во нивната околина.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Фестивали на нови медиуми, урбана култура и улична уметност.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Грантови за млади креативци и стартапи во културата.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Скопје арт хаб: Центар за современа уметност, дизајн, музика, видео, архитектура – креативен кластер со студија, СКОПЈЕ – ИСТОРИСКИ И КУЛТУРЕН ПАМЕТНИК.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Резиденции за уметници со простории и логистичка поддршка за локални и странски уметници кои ќе творят во Скопје.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Фонд за независна култура со годишен буџет за поддршка на независни уметници, здруженија и културни работници преку транспарентни конкурси.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Мобилна сцена: патувачка сцена (театар, кино, концертна сцена) за културни настани по населби, паркови и училишта.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Мини културни центри во сите скопски општини со свои програми (работилници, театарски претстави, изложби).
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Уметност во јавен простор – скулптури, мурали и спомен-обележја, што раскажуваат за вистинската историја на градот.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Обновување на Старо Скопје: Фокус на занаетчиски дуќани, традиционална музика, занаети и гастро-култура.
ЛЕВИЦА · 2025Дигитализацијаветено
Интерактивна дигитализација на музејски и архивски содржини со достапни онлајн за ученици и граѓани.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Скопје културен викенд – месечна програма за промоција на локална култура, историски тури, музика, улична уметност и гастрономија.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Итно отворање на туристички бироа, сувенирници, печатење на културни водичи и мапи со културни знаменија на Град Скопје и организирани тури за туристи.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
QR-код табли на културни објекти на повеќе јазици, поврзани со веб-страници и аудио-водичи.
ЛЕВИЦА · 2025Образованиеветено
Креативни летни школи: Писателски работилници, филмски кампови, џез школи, во соработка со локални ментори.
ЛЕВИЦА · 2025Образованиеветено
Партнeрство со училишта за вклучување на локални уметници во образовниот процес.
ЛЕВИЦА · 2025Образованиеветено
Културна карта за млади: Бесплатен или намален влез во театри, музеи, галерии, фестивали.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Градски културен магацин – централизирана база на техничка опрема (светло, звук, сцена) што би се позајмувала за независни културни настани.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Откуп или долготрајно изнајмување на празни објекти (стари кина, фабрики, магацини) и пренамена во културни простори.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Фонд за реновирање на општински домови на културата, со однапред утврдени критериуми и буџети.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Мапирање и ревитализација на заборавени културни локации (бивши домови на култура, објекти од значење).
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Левица афирмативно ќе ги подржува сите културни настани кои го симболизираат животот во Скопје.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Во периодот од 2025 до 2029 година ќе се реализира проект „Културно-Историска Читанка“ кој ќе се однесува на Старата скопска чаршија.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Обновување на спомен одбележјата во градот од НОБ.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Реализирање на проект за ревитализација на фонтаната Лотосов цвет како архитектонска порта за влез во Градски парк.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Ќе се уреди паркот Жена борец со обновување на фонтаната со спомен обележјето на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија.
ЛЕВИЦА · 2025Енергетска ефикасностветено
Поставување на кровни фотоволтаични системи за сопствено производство на електрична енергија во средните училишта во град Скопје.
ЛЕВИЦА · 2025Екологијаветено
Целосно чистење на сите речни корита на територија на град Скопје од тврд и кабаст отпад и доизградба на пречистителна станица за отпадни води.
ЛЕВИЦА · 2025Инфраструктураветено
Целта на проектот е поставување на климатски отпорни, иновативни автобуски, железнички и монорел станици низ територијата на градот Скопје.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Целта на овој проект е ревитализација на јавниот простор на Градскиот плоштад во Скопје преку враќање на традиционалниот Цветен пазар и воспоставување зони за антикварници и книжари.
ЛЕВИЦА · 2025Екологијаветено
Целта е да се донесе посебен Закон за Водно, со кој оваа планинска маса ќе добие највисок степен на правна заштита.
ЛЕВИЦА · 2025Образованиеветено
Целта на проектот е создавање на Парк на технологијата, интегриран простор за стручно образование, иновации и практична настава за ученици од средни стручни училишта.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Проектот има за цел ревитализација на Скопската Зоолошка Градина со еколошки пристап и трансформација во Центар за заштита на локален биодиверзитет.
ЛЕВИЦА · 2025Екологијаветено
Проектот има за цел воведување на автоматизиран систем за самочистење на улиците и булеварите во Скопје со користење на вградени прскалки.
ЛЕВИЦА · 2025Водовод/Канализацијаветено
Проектот има за цел стручна анализа и проектирање на нови, одржливи алтернативни капацитети за водоснабдување, со фокус на потенцијалот на Врело и Патишка Река.
ЛЕВИЦА · 2025Инфраструктураветено
Проектот предвидува изградба на нова енергетски ефикасна административна зграда за администрацијата на Град Скопје, на локацијата на постојните бараки на бул. Илинденска.
ЛЕВИЦА · 2025Инфраструктураветено
Проектот „Безбедни пешаци“ има за цел зголемување на безбедноста на пешаците во Скопје преку поставување на копчиња за активирање на сигнализација на фреквентни пешачки премини.
ЛЕВИЦА · 2025Јавен простор/урбанизамветено
Проектот предвидува создавање на континуирана рекреативна пешачка зона долж кејот на реката Вардар, од Ѓорче Петров до Долно Лисиче. Оваа зона ќе овозможи одржлива урбана врска помеѓу населбите и спорт и рекреација за сите генерации.
ЛЕВИЦА · 2025Социјална заштитаветено
Целта на проектот е изградба на современ младински дом во општина Чаир, инспириран од моделот на поранешните пионерски домови. Домот ќе служи како центар за неформално образование, културни активности и развој на креативни вештини.
ЛЕВИЦА · 2025Патна инфраструктураветено
Проектот предвидува целосно довршување на бул. Борис Трајковски до влезот на населеното место Драчево, со цел подобрување на проточноста, безбедноста и урбаниот развој во јужниот дел на градот Скопје.
ЛЕВИЦА · 2025Патна инфраструктураветено
Проектот предвидува изградба на повеќе кружни текови на клучни локации низ Скопје, со цел подобрување на проточноста, намалување на метежот и зголемување на безбедноста во сообраќајот.
ЛЕВИЦА · 2025Патна инфраструктураветено
Проектот предвидува воспоставување на директна и безбедна сообраќајна врска помеѓу населеното место Матка во општина Сарај и скопската обиколница. Ова поврзување ќе го подобри пристапот до туристичката зона Матка.
ЛЕВИЦА · 2025Патна инфраструктураветено
Целта на проектот е изградба на втор сообраќаен влез во населеното место Даме Груев во општина Ѓорче Петров, како и формирање на директна сообраќајна врска помеѓу руралниот дел на Ѓорче Петров и урбаниот дел на општина Карпош.
ЛЕВИЦА · 2025Спортветено
Проектот предвидува изградба на современа мултифункционална спортска сала со капацитет од 4.000 седишта во Општина Ѓорче Петров. Објектот ќе биде наменет за спортски натпревари, тренинзи, културни манифестации и јавни собири.
ЛЕВИЦА · 2025Патна инфраструктураветено
Проектот има за цел довршување на бул. Хрватска како завршен сегмент од сообраќајниот прстен на градот Скопје. Булеварот ќе го поврзе бул. Босна и Херцеговина со бул. Србија, воспоставувајќи директна, брза и безбедна врска помеѓу источниот и југоисточниот дел на градот.
ЛЕВИЦА · 2025Водовод/Канализацијаветено
Проектот има за цел подобрување на снабдувањето со вода во урбаните и руралните подрачја, вклучувајќи урбаниот дел на Ѓорче Петров и селата Љубанци и Љуботен. Предвидена е изградба на резервоари, водоводни мрежи и пумпни станици.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Проектот има за цел целосно уредување на просторот околу скопскиот Аквадукт, како и формирање на пешачки и рекреативен центар во неговата непосредна близина. Аквадуктот ќе добие културна, образовна и туристичка функција преку оформување на историски базар и тематски простор.
ЛЕВИЦА · 2025Патна инфраструктураветено
Проектот има за цел воспоставување на современ, ефикасен и безбеден сообраќаен коридор што го поврзува „East Gate Mall“ со влезот на Старата скопска чаршија, преку зоната кај ТЦ Мавровка. Посебен акцент се става на реорганизација на крстосницата со кружен тек помеѓу булеварите Крсте Мисирков и Гоце Делчев.
ЛЕВИЦА · 2025Патна инфраструктураветено
Проектот има за цел целосно завршување на клучното сообраќајно решение на бул. Никола Карев, во сегментот кој се наоѓа во непосредна близина на касарната Илинден. Овој потег претставува стратешки дел од источниот влез во градот и е неопходен за поврзување на северните и централните делови на Скопје.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Долгорочна заштита, унапредување и ревитализација на Скопското кале како континуирана туристичка и културна зона.
ЛЕВИЦА · 2025Спортветено
Трансформација на постојниот СРЦ Кале во современ пливачки спортски центар со специјализирани базени и модерен аквариум.
ЛЕВИЦА · 2025Јавен простор/урбанизамветено
Реконструкција на фонтаната „Лотосов цвет“ со задржување на нејзиниот автентичен изглед, за враќање на нејзината функција како симбол на градот.
ЛЕВИЦА · 2025Култураветено
Изградба на модерен Луна парк на местото на постојниот, нефункционален парк, и обнова на ботаничката градина во рамки на Градскиот парк.
ЛЕВИЦА · 2025Јавен простор/урбанизамветено
Формирање на голем урбан парк во северниот дел на градот, во непосредна близина на новиот Скопски саем, како зелен појас за одмор и рекреација.
ЛЕВИЦА · 2025Економија/Инвестицииветено
Изградба на модерен и достапен Скопски саем во северниот дел на градот, со цел економски развој и нова платформа за бизнис, култура и јавни настани.
ЛЕВИЦА · 2025Инфраструктураветено
Три главни линии со електрични мини-бусови на 10 минути, поврзувајќи урбана и периферна скопска зона.
ЛЕВИЦА · 2025Инфраструктураветено
Проект за комбиниран јавен превоз во град Скопје, кој вклучува железнички и автобуски превоз на кратки релации со електрични автобуси.
ЛЕВИЦА · 2025Инфраструктураветено
Основа за брза врска низ градот со траса од приближно 20 км и клучни станици во важни урбани зони.
ЛЕВИЦА · 2025Инфраструктураветено
Интегрирана и урбанизирана железничка линија со модернизација на колосек и перони, адаптирање на станици и интеграција со системот на јавниот превоз и билетирање.
ЛЕВИЦА · 2025Јавен простор/урбанизамветено
Носење на Генералниот Урбанистички План – ГУП кој ќе овозможи технички издржани решенија за хуман развој на Град Скопје. Одолговлекувањето со носењето на ГУП овозможува лесен терен за освојување на „урбанистичката мафија“. Урбаното дивеење и бетонизацијата на градот ќе се спречи со носењето на ГУП-от.