Граѓански дигитални алатки за демократија

„Граѓански дигитални алатки за демократија“ е платформа која обединува неколку граѓански организации посветени на развојот на демократските процеси во Северна Македонија преку примена на дигитални технологии. Оваа иницијатива е дел од концептот Општество 5.0, кој се фокусира на интеграција на технологијата во сите аспекти на општествениот живот, со цел подобрување на демократијата, транспарентноста и учеството на граѓаните во процесите на донесување одлуки. Платформата претставува мост меѓу граѓаните и институциите, овозможувајќи иновативни решенија за поактивно вклучување на јавноста во управувањето и креирањето политики.

Граѓанинот на Интернет

Дигитални алатки за демократија

Peticija.mk

Дигитална платформа за петицирање

Peticija.mk е иновативна платформа која на граѓаните им овозможува иновативен, лесен и ефикасен начин да го свртат вниманието на засегнатите страни кон решавање на проблемите со кои се соочуваат во своето секојдневие, преку здружување.

Предизборни ветувања

Евиденција на дадените ветувања и нивната реализација.

Интерактивна алатка за преглед, споредба и следење на предизборни ветувања по партија, општина и кандидат. Со филтри, графици и јасни индикатори за реализација, брзо откриваш што е ветено, што е започнато и што е исполнето. Идеална за новинари, активисти и граѓани што сакаат транспарентност и факти.

МК во странските медиуми

Агрегатор за вести од странски медиуми

Агрегатор што собира значајни вести од светски медиуми за РС Македонија, автоматски преведени на македонски, корисен за новинари, аналитичари и сите што сакаат брз увид во меѓународната слика за земјата.