„Институт Демократика“ спроведе анализа на 30.650 активни .mk домени со цел да ја испита родовата застапеност во македонската онлајн сфера. Целта на анализата беше да се утврди процентот на регистранти на домени кои се жени.
Клучните наоди од анализата се:
– Процентот на жени – регистранти на .mk домени е 18,5%.
– Процентот на домени регистрирани од жени кои живеат во рурални средини е 0,05%.
Овие резултати укажуваат на значително помала застапеност на жените меѓу сопствениците на .mk домени, особено во руралните средини, што може да биде одраз на поширока социјална и економска нееднаквост.








![17987338-[Converted]](https://demokratika.mk/wp-content/uploads/2025/09/17987338-Converted-700x450.jpg)

