Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
372 
Просторното планирање, како дел од научно
-технолошкиот напредок заради 
примената на географско
-информациски системи и набљудување на земјата, нуди 
трансформативна можност и напредок при подготовката за одговор и отпорно 
закрепнување, подобрување на системи те за рано предупредување за повеќе опасности и 
блиско следење на комплексот итни случаи и во трансграничен контекст.
 
Дигитализацијата на процесите во просторното и урбанистичкото планирање 
претставува стратешки приоритет за воспоставување поефикасен, транспарентен и 
интегриран систем за управување со просторот 
преку примена на
 ГИС алатки во 
планирањето на просторот. Современите европски практики укажуваат дека примената на 
дигитални платформи и географски информациски системи овозможува поголема 
достапност на податоците, подобра координација меѓу институциите и повисок квалитет на 
планската документација. INSPIRE дир
ективата на Европската унија може да послужи како 
концептуална и методолошка рамка за развој на национални стандарди, особено во делот на 
пристапноста, разменливоста и управувањето со просторните податоци, прилагодени на 
националниот контекст и законодавст во.  
Дигитализацијата на просторното планирање подразбира воспоставување јасна 
институционална структура и уредени надлежности, со што се зголемува ефикасноста на 
планските процеси преку намалување на административните трошоци и времето за 
обработка на документ и. Имплементацијата на Геоинформацискиот систем за просторно 
планирање, како дел од Националната инфраструктура на просторни податоци (НИПП), 
придонесува за рационализација на ресурсите, поголема транспарентност и подобра 
меѓуинституционална координација, 
како и овозможување на јавна партиципација преку 
дигитални алатки. Овој процес претставува долгорочна трансформација која води кон 
современ, интероперабилен и ефикасен систем за управување со просторот, усогласен со 
европските практики. 
