Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
370 
· Зајакнување на транспортната енергетска инфраструктура, што придонесува кон 
диверзификација во снабдувањето и достапноста на енергенси и подобра енергетска 
размена во регионот ; 
· Транзицијата кон декарбонизирана иднина ; 
· Инвестиции во изградба на хидроенергетски потенцијали, фотоволтаични и 
термално-соларни колекторски системи, ветерници и биогасни електрани, што ќе 
придонесе во намалување на производните капацитети од фосилни горива
 и 
· Имплементација на зелени технологии кои го намалуваат штетното влијание врз 
животната средина. 
Телекомуникациската инфраструктура има фундаментално значење за поддршка 
на сегашните и идни технолошки трендови и целокупниот процес на дигитализација. Идните 
технолошки трендови силно зависат од телекомуникациската основа и нудат можности за 
иновации и развој на дигитални производи и сер
виси во голем број области. Најактуелните 
трендови во развојот на телекомуникациските инфраструктури во светот денес, 
кои со 
сигурност ќе имаат фундаментално значење за развојот на секторот во периодот што следи
, 
се: облак базиран IT систем , 5G и 6G з мобилни широкопојасни услуги , IoT уреди , системи за 
поддршка на операции и системи
 за поддршка на бизнисот
, а втоматизација и вештачка 
интелегенција и квантни технологии - мрежи и алгоритми за енкрипција кои ќе понудат нови 
можности за сигурност и оптимизација на телекомуникациските системи
. 
Политиката за животната средина
 на ЕУ има цел да промовира одржлив развој и да 
ја заштити животната средина за сегашните и идните генерации. Истата се темели на 
превентивно дејствување, принципот „загадувачот плаќа”, борба против извориштата на 
штета во животната средина, примена на принципите на циркуларната економија, заедничка 
одговорност и интеграцијата на заштитата на животната средина во другите политики на ЕУ.
 
И покрај големиот број 
ратификуван и глобални и регионални договори во областа на 
животната средина , сé уште остануваат предизвици во поглед на ефективното спроведување 
и усогласеност со обврските од мултилатералните договори за животна средина.
 
Концептот на зелена економија ги зема предвид виталните врски меѓу економијата, 
општеството и животната средина и е насочен кон трансформација на производните процеси 
и потрошувачките модели, истовремено придонесува за намалување на количините на 
отпад, намалено загадување и ефикасно користење на ресурсите, материјалите и енергијата, 
придонесувајќи за ревитализација и диверзификација на економиите, создавање на 
пристојни можности за вработување, промовирање на одржлива трговија, намалување на 
сиромаштијата и подобра распределба на капи
талот и приходот во функција на 
подобрување на состојбите во животната средина и квалитетот на живот.
 
Просторното планирање како инструмент може да придонесе 
во одговор кон 
постојните опасности и ризици преку намалување на изложеноста и ранливоста на ризици и 
закани, ублажување и прилагодување кон последиците од климатските промени. Република 
Северна Македонија има потпишано повеќе меѓународни конвенции, договори и протоколи 
(Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени на (UNFCCC) 2001 
година, Протоколот од Кјото на (UNFCCC), 2006 година, Парискиот договор, 2018 г
одина и 
други), со кои превзеде правно
-обврзувачки обврски за ублажување и адаптација на 
климатските промени. Амбициозната цел на ЕУ за климатска неутралност до 2050 година, 
се 
прошири во земјите од Западен Балкан преку донесување на Зелената агенда за Западен 
