Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
368 
поттикнување и поврзување на урбаните и руралните подрачја преку соработка и 
вмрежување во рамки на градовите и меѓу градовите и нивните околни подрачја во истиот 
функционален регион, создавајќи перспектива за развој за сите места.
 
Достапноста на образованието и грижата за децата е дел од групата приоритетни 
развојни политики на глобално ниво. Одржливиот развој подразбира и развој на инклузивно 
и квалитетно образование и промовирање на можностите за доживотно учење за сите
. До 
крајот на 2030 година неопходно е да се обезбеди 
еднаков пристап до сите нивоа на 
образование , елиминирање на родовата нееднаквост, како и специјални обуки за ранливите 
групи и лицата со попреченост. Квалитетното образование за сите подразбира подобрување 
на просторната достапност, изградба и реконструкција на објекти и простори кои се 
безбедни, инклузивни и поттикнувачки за престој и учење. 
Светската здравствена организација (World Health Organisation) во своите клучни 
документи ја нагласува потребата од обезбедување на здрав живот и социјална 
благосостојба за сите возрасни групи и социо -економски слоеви, преку Глобалниот акционен 
план за здрав живот и благосостојба за сите 85, од каде произлегува неопходноста од промена 
на воспоставените модели на организирање јавни услуги во руралните населби, 
подобрување на сообраќајната пристапност и поврзување со општинските центри.
 
Во меѓународните документи донесени во последната деценија, нагласена е 
потребата од интегрирање на стратегиите за 
зачувување, управување и планирање на 
историските урбани подрачја во развојните документи
. Урбаната конзервација е 
препознаена како дисциплина која не е ограничена само на заштита на индивидуалните 
објекти, туку и на поголемите урбани целини, кои се предмет на урбанистичко планирање. 
За остварување на интегрална з
аштита на културното наследство
, која подразбира 
постигн ување на територијална кохезија, со цел зачувувањето на карактерот (духот) на 
местото , се препорачува 
употреба на информациско
-комуникациски технологии за 
документирање, разбирање и презентирање на сложените слоеви на историскиот развој на 
урбаните области и нивните компоненти . 
Препораките, принципите и трендовите поврзани со 
просторното планирање во 
туризмот во меѓународни рамки треба да се разглед уваат од различни аспекти : економски, 
социо-културен и еколошки, како основни столбови на одржливиот туристички развој. Од 
економски аспект , стратегиско значење има имплементацијата на Туристичката сателитска 
сметка, како стандардна 
статистичка рамка и основна алатка за економско мерење на 
туризмот . Светската туристичка организација ги нагласува и трендовите и 
влијанијата на 
туризмот врз животната средина
 кои ќе станат сѐ подоминантни во иднина
86, а веќе се 
инкорпорирани во стратешките определби за развој на туризмот во голем број на држави. 
 
Кога станува збор за урбаниот транспорт, достапни се збир на мерки за ограничување 
на сообраќајот во градовите , со цел намалување на загадувањето , метежот и подобрување 
на безбедноста , како иницијативите УВАР кутија (UVARbox) и УВАР размена (UVARexchange) 
кои обезбедуваат услови за непреченото патување и регулирањето на пристапот на возилата 
до градовите низ различни форми: зони со ниска и нулта емисија (LEZ/ZEZ), пешачки зони 
 
85 WHO (2019) Stronger Collaboration, Better Health
- Global Action Plan for Healthy Lives and Well
-being for All. 
https://iris.who.int/bitstream/handle/10665/327841/9789241516433
-eng.pdf?sequence=1&isAllowed=y
 
86 UNWTO (2018). 12th UNWTO/PATA Forum on Tourism Trends and Outlook 
– The Future of Tourism: Road to 2030, 
World Tourism Organization, Guilin, China
 
