Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
367 
мешани шумски насади и избегнување на интензивни практики за управување со 
месторастењето, како што се примена на хербициди и внесување на ѓубрива.
 
Стратегија та за шуми до 2030 (European Commission, 2021) 
се залага за развој на 
шумарството поблиску до природата (closer
-to-nature forestry)
84, концепт заснован на 
одгледувачки техники слични на природните процеси
, природна обнова на шумите и 
обезбедување на поширок спектар на екосистемски услуги
. 
Критичните суровини (вклучително и минералите) имаат клучно економско значење 
за Европа, но се подложни на ризици од прекини во снабдувањето поради зголемената 
глобална побарувачка, особено во контекст на декарбонизацијата. „Европскиот акт за 
критични суровини“ претставува с еопфатен рамковен одговор на овие предизвици, кој има 
за цел зајакнување на целиот синџир на вредност, диверзификација на изворите на 
снабдување со цел намалување на стратешките зависности, како и подобрување на 
капацитетите за следење и управување со ризи
ците од прекини. Дополнително, актот ја 
поттикнува циркуларната економија и придонесува кон зголемена одржливост и отпорност 
на системот за снабдување со критични суровини во ЕУ.
 
Повеќето високоразвиени земји 
денес, се соочуваат со 
сериозни демографски 
проблеми како: стареење на населението, бавен раст и намалување , глобални трендови кои 
имаат силно влијание врз 
економијата и општеството
 во целост. За справување со 
демографските предизвици кои се високо рангирани во политичките агенди се препорачува 
воспоставување на одржливост на демографскиот систем, што подразбира: управување со 
миграциските текови, имплементација на интегрален пристап на активно стареење и 
зголемување на ефикасноста на пазар
от на труд и акумулација и порамномерна 
разместеност на човековиот капитал . 
Одржливиот урбан развој , како особено важен сегмент од одржливиот просторен 
развој, неодамна стана предмет на посебни јавни политики и стратегии во Европа и светот. 
Европската Унија усвои голем број предлози за политики, повелби и декларации , како 
и повеќе документи кои ја воспоставуваат рамката за одржлив урбан развој
: Лајпцишката 
повелба за одржливи европски градови (2007), Декларацијата од Марсеј (2008), 
Декларацијата од Толедо (2010), Територијалната агенда на ЕУ 2020 (2011), Декларацијата 
од Рига (2015) и Урбаната агенда на ЕУ 
- Амстердамски пакт (2016)
. Насоките од овие 
документи се од особено значење имајќи ја предвид проекцијата за двојно зголемување на 
урбаното население во светот до 2050 година
. 
Посебен документ на кој се потпира Новата урбана агенда се 
Меѓународните насоки 
за децентрализација и пристап до основни услуги за сите
, кој го истакнува значењето на 
локалните самоуправи во спроведувањето на политиките за урбан развој, како и во
 
инклузивното општество каде целото население треба да има пристап до основните услуги.
 
Клучните теми и задачи за градовите на глобално ниво, поставени преку 
гореспоменатите агенди, стратегии и препораки, се: одржливост, отпорност и креативност 
како основни принципи на интегралното планирање на урбаниот развој, кои водат кон 
„одржлив“, „отпорен“, „креативен“, „конкурентен“, „паметен“ и „инклузивен“ град. 
Во Територијалната Агенда 2030, 
фокусирана на постигнување на урамнотежен 
територијален развој заснован на различностите на Европа
, се истакнува важноста на 
 
84 FOREST EUROPE, 2020. State of Europe’s Forests 2020. Ministerial Conference on the Protection of Forests in 
Europe, Madrid 
