Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
365 
7.4. Препораки, принципи и трендови од меѓународната пракса 
 
Иновативните пристапи во просторното планирање, во изминатите неколку децении, 
создадоа нови идеи за искористување на просторот, како и за улогата на просторните 
стратегии во современите услови
. Просторното планирање во голема мера е функција на 
јавниот сектор со цел да се влијае врз идната просторна распределба на економските 
активности во националната економија
 и да се обезбеди
 подобрување на просторните 
влијанија врз другите секторски политики
. Затоа, просторното планирање 
е клучен 
инструмент за обезбедување одржлив развој и воспоставување долгорочни и одржливи 
рамки за социјален, територијален и економски развој
. Негова примарна улога е 
подобрување на интеграцијата помеѓу секторите како што се домувањето, транспортот, 
енергетиката и економијата и помеѓу националните и локалните системи за урбан и рурален 
развој, земајќи ги предвид и еколошките аспекти. Притоа, од особено значење е 
подигнувањето на свеста за 
значењето на вклученост а на заедницата , за постигнување 
социјална кохезија, како и за улогата на сите засегнати страни во просторниот развој. 
 
Европската Унија има силно влијание врз државите членки преку рамката на 
политики и нормативни акти, стимулации и неформално влијание во процесот на планирање 
на просторот. Иако нема унифицирана просторна политика на ниво на ЕУ, воспоставени се 
заеднички п росторни развојни цели 
кои се однесуваат на
 просторот како целина и 
поединечно на ниво на региони со слични развојни проблеми и можности, при што 
просторната компонента на развојот ги надминува територијалните и политичките граници.
 
Прифаќањето на новите правни, развојни и други решенија од ЕУ, со цел 
постигнување на поголема институционална и организациона компатибилност со ЕУ, треба 
да биде условено од нивниот придонес во решавање на клучните развојни и други проблеми 
на земјата. Тие треба да се воведуваат сукцесивно и селективно и со приоритет на оние кои 
се компатибилни и комплементарни со стратешките приоритети на нашата земја.
 
Територијалната компонента на кохезионата политика на ЕУ претставува политичка 
рамка пренесена во документот Територијална агенда ЕУ 2030 , кој ја нагласува важноста на 
стратешкото просторно планирање и повикува на зајакнување на територијалната димензија 
на секторските политики на сите нивоа на управување и постигнување на целите за одржлив 
развој низ две главни цели: праведна Европа и зелена Европа . Во делот за Зелена Европа , кој 
се залага за п
одобри еколошки живеалишта, климатски
-неутрални и отпорни градови и 
региони, се потенцираат активностите: 
одржливо користење на земјиштето, отворени 
простори и јавни зелени површини, обновување на деградираното земјиште, борба против 
уништувањето на шумите и зачувување на водните тела, спречување на урбан
ата експанзија, 
воспоставување на зелена инфраструктура, зајакнување на испораката на екосистемски 
услуги . 
Публикацијата “Spatial Planning 
- Key Instrument for Development and Effective 
Governance” 81 упатува на неколку клучни препораки поврзани со напорите за 
воспоставување на ефикасен систем на просторно планирање:
 
- 
Поттикнување на дебата
 за улогата на просторното планирање, со активно 
вклучување на сите нивоа на власт, невладините организации и академската 
 
81 UN Economic Commission for Europe, 2008, Spatial Planning 
- Key Instrument for Development and Effective 
Governance, New York and Geneva, pp. 37 -40 
