Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
320 
7.3. ПЛАН НА АКЦИИ И ИНДИКАТОРИ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПЛАНСКИТЕ РЕШЕНИЈА
 
Реализацијата на поставените цели и плански решенија по областите разработени со Планот, ќе се постигне со активности од разл
ична 
природа, поврзани со соодветните цели и утврдени во временска рамка. За секоја активност се предвидени и носители на активнос
та 
(соодветни надлежни институции), утврдени се придобивките и периодот на реализација. За следење на реализација на мерките и а
ктивностите 
како предуслов за реализација на планските решенија, се утврдени индикатори. На тој начин се заокружува логичката рам
ка: цел-активност -
индикатор. Примената на SMART принципите во утврдување на овие 3 елементи/фази, покрај следење, овозможува и мерење на степен
от на 
остварување во утврдена временска рамка, што е од особено значење за континуира
но преиспитување на поставените цели и приоритети и 
евентуално донесување на одлуки за потреба од ажурирање/измени на Планот.
 
7.3.1. План на акции со етапи на реализација 
 
Б
р 
Носител на 
активност 
Активност 
Придобивка 
Период на 
реализација 
За реализација на приоритети 
Влада на РСМ, 
ЦРПР, ЕЛС 
Стратегија за демографска ревитализација со 
регионален и локален акциски план 
Подобрување на демографската состојба, утврдување на 
правна, развојна и концепциска рамка за делегирање и 
реализација на конкретни проекти, мерки и активности по 
сектори како чекори за реализација на приоритетната цел
 
Краткорочно / 
приоритетно 
Влада на РСМ, 
ЈПДП, МТ 
Стратегија за развој на инфраструктурата, со 
посебен акцент на брзи железници (посебна 
студија со акциски план) 
Подобрување на сообраќајната поврзаност на национално, 
регионално и меѓународно ниво, како предуслов за 
подобрување на економската конкурентност
 
Краткорочно / 
приоритетно 
 
Влада на РСМ, 
МЕРМС МТ 
Изработка и донесување на подзаконски акти 
за (рационално) користење на обновливите 
извори на енергија во функција на економскиот 
развој 
Дефинирање на конкретни стандарди и нормативи за избор на 
локации, начин на изградба и конкретни обврски на 
инвеститорите во период на поставување, експлоатација и 
престанок на користење на капацитетите, со цел за заштита на 
животната средина и земјиштето од трајна деградација 
Краткорочно / 
приоритетно 
 
Влада на 
РСМ,МЗШВ, 
МЖСПП 
Стратегија за одржлив развој и рационално 
користење на природните ресурси 
Заштита и зачувување на природните ресурси од необновлив 
карактер, во прв ред зeмјоделското земјиште и контрола на 
негова пренамена во непродуктивно 
Краткорочно / 
приоритетно 
