Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
318 
· 
Во зони со утврден ризик од пожари на отворен простор, задолжително да се вградуваат 
мерки за рано предупредување и справување со шумски пожари, во планската 
документација ; 
· 
Во зони со утврден ризик од појава на земјотреси, задолжителн
а примена на 
националната методологија за дефинирање на сеизмички ризик со соодветни мерки за 
превенција и заштита ; 
· 
Во зони со предвиден технолошки процес во кој се вклучени опасни материи, 
задолжително да се применуваат мерки за управување и превенција, согласно усвоена 
методологија за управување на ризици од технолошки хаварии
; 
· 
Во зони со предвидена рударска (тешка) индустрија, задолжително да се применуваат 
мерки за утврдување, превенција и мерки за заштита на потенцијални зони на ризик од 
рударски несреќи . 
· 
Изработка на елаборати за заштита од пожари, експлозии и опасни материи за секој нов 
или објект за кој се предвидува реконструкција. 
· 
Обезбедување на капацитет на градската водоводна мрежа и водоводните инсталации 
во и околу објектите за гаснење на пожари; 
· 
Обезбедување доволна оддалеченост на објектите од аспект на спречување на 
пренесување на пожар од еден на друг објект и простор за пристап и маневрирање на 
противпожарни возила со проектирање на доволно широки патишта и улици, со 
потребна носивост и проточ ност; 
· 
Обезбедување оддалеченост на станбените и јавни зони од индустриските зони и објекти 
за специјална намена, посебно доколку се користат лесно запаливи цврсти материи, 
течности, гасови и експлозивни материи; 
· 
Задолжително планирање на локации за засолништа на локално ниво. 
· 
Задолжително обезбедување на податоци, информации и мислења од Министерството 
за одбрана при изработка на планска документација на сите нивоа на планирање.
 
· 
Планирањето во или непосредно до зоните со ограничена слобода на движење, да се 
реализира под мониторинг и контрола на Министерството за одбрана.
 
· 
Синхрониза ција со плановите на одбраната преку вклучување на Министерството за 
одбрана и Армијата при планирање, проектирање и измени на следните намени: 
- 
сообраќајните коридори (патни и железнички) ; 
- 
урбан простор, 
- 
водните акумулации, 
- 
каналите за наводнување и одводнување, 
- 
регулацијата и чистење на реките, 
- 
електричните централи (хидроцентрали, фотоволтаични, ветерници и други електрани 
од обновливи извори на енергија), 
- 
цевководите (гасоводи и нафтоводи), 
- 
депониите, 
- 
пречистителните станици, 
- 
експлоатацијата на минерали (рудници), 
