Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
317 
· 
Обезбедување сообраќаен пристап до недвижното културно наследство во подрачјата 
каде што тоа е возможно и не ги нарушува природните вредности и пределските 
карактеристики на регионот ; 
· 
Зачувување и рехабилитација на историската матрица на споменичката целина и 
автентичноста на заштитените добра во планска документација за градски или селски 
споменички целини ; 
· 
Почитување на принципот на интегрирана заштита при воведување нови функции во 
заштитените подрачја и постигнување хармонија меѓу намената и просторните 
можности на споменичките добра и наследените јадра, преку обезбедување на 
мултифункционална искористенос т; 
· 
Зачувување на структурата и типологијата на наследените историски објекти со цел да 
се спречи губењето на просторниот идентитет ; 
· 
Задолжителна теренска проспекција на подрачја, со цел евентуално откривање и 
просторна идентификација на познати/ евидентирани и/или нови археолошки 
наоѓалишта ; 
· 
Забрана за реализирање новоградби, сообраќајници и други инфраструктурни проекти, 
како и вршење земјени или други градежни работи на простори за кои има сознание за 
постоење археолошки наоѓалишта без да се извршат археолошки истражувања
; 
· 
Строго почитување на одредбите и мерките за заштита на Светското природно и 
културно наследство на Охридскиот Регион и културното наследство со исклучителна 
универзална вредност кое може да биде запишано на Листата на светско наследство на 
УНЕСКО; 
· 
Разв ој на одржлив туризам базиран на економскиот и културниот потенцијал на 
културното наследство, контролирана крајбрежна трансформација на Преспанското, 
Дојранското и особено Охридското Езеро, воспоставување на алтернативен туризам, 
контрола врз концесионирање то и влијанијата врз културното наследство од развојот н а 
туризмот. 
7.2.16. Природни непогоди , техничко -технолошки хаварии и воени разурнувања 
· 
Во зоните со утврден ризик од поплави да се изработ уваат мапи на приказ на ризикот од 
поплави на сите нивоа и да се предвид уваат соодветни мерки за превенција и заштита ; 
· 
Во зоните со утврден ризик од суши да се предвид
уваат мерки за заштита согласно 
усвоената регулатива за интегрирано управување со суши
; 
· 
Во зони со утврден ризик од снежни намети, лавини и луњи да се применува 
стандардизиран пристап за анализа на мулти хазарди на национално и локално ниво и 
да се предвид уваат соодветни мерки за превенција и заштита ; 
· 
Планирање на заштитни шумски појаси и снегобрани, долж железничките пруги;
 
· 
Примена на конструктивни и био
-инженерски мерки за заштита при изградба на сите 
патни правци, железнички линии, ПТТ сообраќај и преносна електрична мрежа;
 
· 
Во зоните со утврден ризик од одрони и свлечишта да се применува методологија за 
управување на свлечиштата на државно, регионално и локално ниво и да се предвидат 
соодветни мерки за превенција и заштита ; 
