Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
315 
· 
Да се почитуваат максимално дозволените гранични вредности за нивото на бучава во 
животната средина, при планирање на извори на бучава и 
класификацијата на подрачја 
според степенот на заштита од бучава (I -IV степен); 
· 
Да се почитува географската разместеност на жешките точки и мерките за нивна 
ремедијација, при планирање на новите содржини во просторот; 
· 
Новите инсталации со намена тешка индустрија да се планираат на растојание 5 km од 
населените места ; 
· 
Планирање на регионалните депонии во прекуграничен контекст (усогласување со 
меѓународните); 
· 
При планирање на новите содржини во просторот, да се имаат предвид локациите 
предвидени за изградба на регионалните депонии (односно центри за управување со 
отпад) и претоварните станици . 
· 
Вградување на мерки за рекултивација и санација на просторот на кој се наоѓаат дивите 
депонии и другите деградирани површини , во планските одредби на локално ниво. 
· 
Дигитализација на секторот за управување со отпад во сите негови фази 
– креирање и 
ажурирање на бази на податоци, планирање и имплементација на проекти и дигитално 
управување на постројките; 
· 
Вклучување на приватниот сектор (бизнис заедницата) преку промовирање на 
принципите на циркуларна економија и поврзување на сите фактори кои го оформуваат 
животниот циклус на производите при рециклирање и реупотреба на отпадот кој се 
користи како суровина . 
7.2.13. Климатски промени 
· 
Интегрирање на мерките за ублажување на климатските промени и мерки за климатска 
адаптација во развојните стратегии, планови и програми во секторите од областа на 
земјоделството, шумарството, водите, енергетиката, туризмот и останати сектори, на 
национално, регионално и локално ниво ; 
· 
При планирање на новите содржини во просторот 
задолжително да се интегрираат 
климатските проекции во фазата на проектирање
 и да се предвидат соодветни мерки за 
ублажување , адаптација и засилена отпорност на климатските промени, со посебен 
акцент на изградба на одржлив а и климатски отпорн а инфраструктур а; 
· 
Ограничување на изградбата на нови индустриски капацитети со висока водна 
побарувачка во повардарието, централниот и југоисточниот дел на Државата, како 
региони со зголемен ризик од влијание на климатските промени; 
· 
Спроведување на геоморфолошка експертиза и климатска проверка на стабилноста на 
подрачјата (climate stress -test) на кои се планира изградба на инфраструктурни објекти 
или други содржини во зони со изразена ерозија, во Источниот регион кој е особено 
подложен на ерозија, свлечишта и слично; 
· 
Ограничување на урбаната експанзија во поплавни рамнини;
 
· 
Забрана за активности што можат да ја нарушат инфилтрацијата и квалитетот на 
подземните води во карстните и вододелнички подрачја: Преспа
-Галичица, Бистра -
