Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
314 
7.2.10. Енергетика и енергетска инфраструктура
 
· 
Планирањето на 
магистралните енергетски водови во прекуграничен контекс
т (со 
надоврзување на меѓународните траси); 
· 
Примена на принципите на циркуларната економија и поврзување на сите фактори кои 
го формираат животниот циклус на енергетската опрема: инсталирање, користење и 
можности за складирање и рециклирање на амортизирана опремата
; 
· 
Заштита на планираните коридори за енергетска инфраструктура (преносни и 
дистрибутивни водови) при урбанизација на просторот и изградба на нови објекти
; 
· 
Избор на локации за производство на електрична енергија од мали хидро електрични 
централи и дефинирање на техничките услови за нивно поврзување на 
електроенергетскиот систем, согласно принципите на заштита на природната околина и 
еколошките стандарди ; 
· 
Избор на локации за централи од обновливи извори на енергија кои се непогодни за 
користење како земјоделски површини (над 4 класа) и забрана за пренамена на 
земјоделско земјиште во градежно; 
· 
Избор на локации за изградба на ветерни електрични централи со процена на нивното 
влијание на околинатa , особено на населените места, поради појавата на фликер и 
бучава; 
· 
Локациите за изградба на складишта за природен гас во населените места да се 
дефинираат со планска документација за населби. 
7.2.11. Телекомуникации и телекомуникациска инфраструктура
 
· 
Поставување на примарната и секундарна телекомуникациска инфраструктура долж 
државни и локални патишта, паралелно со останати транспортни траси (пр. гасоводи, 
нафтоводи итн.) ; 
· 
Избор на локации за надземни комуникациски објекти (нови радио предаватели, базни 
станици, поштенски единици, и т.н.) и подземни комуникациски линкови (оптички кабли, 
коаксијални кабли, итн.) во рамките на планските решенија за намена на земјиштето
; 
· 
Задолжително обезбедување на пристапна комуникациска инфраструктура (жичена или 
безжична 56), при планирање на нови објекти (станбени, деловни, угостителски, итн.). 
7.2.12. Животна средина 
· 
Примена на принципот создавачот и/или поседувачот на отпадни материи и емисии ги 
сноси сите трошоци за санација на настанатата штета во животната средина
; 
· 
Забрана за изградба на постројки и објекти, кои опфаќаат преработка, постапување, 
складирање, отстранување или транспорт на опасни материи и супстанции и цврст или 
течен отпад во крајбрежни појаси; 
· 
При планирање на новите содржини во просторот да се има предвид степенот на 
загаденост на почвите ; 
 
56 Само во случај каде ситуацијата не дозволува инсталација на жичен пристап
 
