Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
313 
· 
Забрана за изградба на инфраструктурни и други видови на објекти на подрачја со 
изградени или планирани системи за наводнување и одводнување
; 
· 
Зачувување на просторот
 (резервирање на коридори) за изградба на предвидените 
доводи за вода за водоснабдување и наводнување посебно за магистралните и 
регионалните доводни органи ; 
· 
Зачувување на хидротехничката инфраструктура на системите за одводнување и 
заштита од поплави, со забрана на изградба на инфраструктурни и други видови на 
објекти кои ќе ја оневозможат нивната функција: 
· 
Забрана за изградба на индустриски и други објекти кои создаваат отпадни води со 
високи концентрации на загадувачки материи, во сливовите на изворите и акумулациите 
кои се предвидуваат за водоснабдување на населението и за наводнување;
 
· 
Третман и довед
ување на квалитетот на водите 
во согласност со релевантната 
регулатива . 
7.2.9.2. Водостопанство и хидротехничка инфраструктура
 
· 
При планирање на системите за снабдување со вода за пиење, п
риоритет да има 
користењето на локални извори;  
· 
Користење на п одземните води со најдобар квалитет само за снабдување на населбите 
и индустрии кои имаат побарувачка за вода со квалитет на водата за пиење ; 
· 
При зафаќање на вода, задолжително обезбедување на проток еднаков или поголем од 
еколошкиот, за секоја делница од водотекот; 
· 
Експло атација на подземните води на начин кој не го загрозува квантитативниот статус 
на водните тела; 
· 
Користење на повеќенаменски каналски системи во подрачја со квалитетните земјишни 
ресурси каде мора да се користат транзитни води; 
· 
При зафаќање на вода за индустриски потреби, задолжително 
почитување на 
регулативата за интегрирано спречување и контрола на загадувањето
; 
· 
Задолжително корист ење на рециркулаторни системи за ладење, што е 
од особено 
значење при изразени климатски промени ; 
· 
Обезбедување на снабдување на населбите, базните индустрии и термоелектраните со 
вода во висина од 97 -98% во регионалните системи, 
95% за помалите водоводи и 70 -
80% за системите за наводнување
, а во периоди на рестрикција, испорачана количина 
не помала од 70% во однос на бараната количина (коефициентот на редукција е 
ω ≥ 0,7); 
· 
При изградба на акумулации, задолжително да се обезбедат пропишаните еколошки 
протоци низводно од акумулациите и водозафатите, за нормален развој на водните 
екосистеми, зачувување на биодиверзитетот ; 
· 
Вградување на водостопанските услови за рационализација на потрошувачката на вода 
и повеќекратно рециркулационо користење на пречистените води во планските 
решенија. 
