Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
311 
500 –800m од зоната на домување. Орентационата површина е 8
-10m2 по ученик за 
развиена површина на 
објектот и најмалку 20
-25m2 по ученик за комплексот на 
училиштето кај постојни училишта и 30 -50m² за новопланираните училишта ; 
· 
Средните училишта да се планираат со капацитет кој ќе овозможи изведување на 
настава во една смена. Орентационата површина е 8
-10m2 по ученик за развиена 
површина на објектот и најмалку 20 -25m 2 по ученик за комплексот на училиштето ; 
· 
Високото образование да се планира со норматив 14 -18m2 по студент ; 
· 
Основни нормативи за планирање на здравствени објекти се: 6 кревети на 1000 жители, 
минимум 8m 2 по болнички кревет и мин имум 80m 2 по кревет за градежната парцела.  
7.2.6. Економски развој 
· 
На планираните површини за деловна намена во рамки на планските опфати на 
населените места, да се дозволува алокација исклучиво на дејности што не генерираат 
негативни ефекти во непосредното окружување (бучава, зголемување и конгестија во 
сообраќајот, како и загадување на водата, воздухот и почвата) и по здравјето на луѓето;
 
· 
Примена на cost benefit анализа за оценка на ефикасноста и ефективноста на 
предложените плански решенија, при планирање на површини и зони за стопанска 
намена; 
· 
Дополнување на правната регулатива со која се уредуваат комуналните дејности и 
обезбедувањето комунални услуги, особено во поглед на создавање предуслови за 
поширока примена на меѓуопштинската соработка; 
· 
Воспоставување дополнителна правна основа за поттикнување на индустрискиот развој 
во правец на повисока енергетска ефикасност, како и стимулирање повисоко ниво на 
инвестиции во циркуларната економија и во ниско -јаглеродно производство . 
7.2.7. Туризам  
· 
Валоризација на најзначните природни и создадени туристички вредности за 
обезбедување на квалитетна туристичка понуда за странски и домашен туризам;
 
· 
Подобрување на целокупната инфраструктура и инфраструктурното опслужување на 
туристичките локалитети, во функција на развој на туризмот;
 
· 
Определување на капацитетите на туристичките простори со цел планирањето на 
одржлив туризам и заштита на животната средина; 
· 
Задолжително почитување на вредностите на руралните средини и нивната 
автентичност, со цел промоција на културно
-историските вредности и развој на 
туристичките активности во руралните подрачја;
 
· 
Доследно почитување на препораките и насоките за начинот на користење на просторот 
во заштитените подрачја и подрачјата предложени за заштита согласно дозволените 
туристички активности во одделните зони: 
· 
При изборот на туристички активности, приоритет да се стави на акт
ивностите кои не 
предизвикуваат деградација, односно оптимално користење на просторот без негово 
целосно искористување. 
