Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
310 
7.2.5.3. Урбан идентитет 
· 
При валоризирање на елементите на урбаната и физичка структура и утврдување на 
просторните целини и нивниот третман во планските документи, да се дефинираат 
критериуми за оценување кои одговараат на нивото на набљудуваната целина (зграда, 
парцела со градба , блок, групација на блокови/урбано ткиво, населба, регион, територија 
на државата) ; 
· 
При планирање во подрачја со вреден урбан идентитет плановите за интегрална урбана 
обнова и заштита на урбаниот идентитет да бидат дел од планска документација;
 
· 
Утврдува ње на посебни пропозиции во однос на активностите и постапувањето во 
близина на просторната целина со идентификувани просторни вредности, особено во 
поглед на ограничувањата за изградба на 
објекти, капацитети и инфраструктура
, кои 
може да ја загрозат и деградираат просторната целина
. 
7.2.5.4. Домување 
· 
Површините со намена домување и проекцијата на станбениот фонд да се планираат врз 
основа на демографската прогноза
, да се усоглас уваат со понудата и потребата на 
пазарот за секое населено место поединечно ; 
· 
Унапредување на станбениот фонд преку одржување, обнова и пренамена
; 
· 
При изработка на Генерални урбанистички планови и Урбанистички планови за села, да 
се презентира бруто станбената густина како однос помеѓу бројот на станови и вкупната 
површина на урбаното подрачје, вклучувајќи улици, паркови и јавни простори
, а нето 
станбена густина како однос помеѓу бројот на станови и површината наменета за 
домување (без улици и јавни простори); 
· 
Во одредбите за спроведување на урбанистичките планови да се вклучуваат насоки за 
енергетскa ефикасност на објектите
; 
· 
Доследно спроведување на забраната за
 легализација на станбени објекти подигнати 
без одобрение за градење . 
7.2.5.5. Јавни функции 
· 
При планирање и организирање на јавните функции, да се практикува поврзување,
 
соработка и партнерство со вклучување на граѓанските организации, граѓаните и 
локалните заедници ; 
· 
При изработка на урбанистички планови за населените места во периферните зони на 
две или повеќе општини, планирањето на јавните функции да вклучува заеднички 
програми и услуги на меѓуопштинско ниво преку зајакнување на меѓусекторската 
соработка и заеднички те програми на јавните служби, приватниот сектор и здруженијата 
на граѓани ; 
· 
Да се опфатат 70% од децата на предучилишна возраст со целодневен и полудневен 
престој во градинки
, со примена на нормативни:
 9m2 бруто површина по дете за 
објектите и 20
m2 по дете за отворените простори (зеленило, игралишта, пристап, 
паркирање на вработени и сл.) ; 
· 
Основните училишта да се планираат со капацитет кој ќе овозможи изведување на 
настава во една смена. Радиусот на оддалеченост за наменски зони за образование е 
