Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
309 
7.2.5. Урбан развој 
7.2.5.1. Развој на урбаниот систем, систем на населби и центри 
· 
Задолжително изработување и донесување на просторни планови на сите единици на 
локалната самоуправа ; 
· 
Препозна вање и воспостав ување на урбаните подрачја како основна структурна целина 
во организација на просторот ; 
· 
Јакнење на урбаните атрибути преку зачувување и унапредување на постојниот 
материјален фонд (инфра и супраструктура) на населбите;
 
· 
Обезбедување на компактна и одржлива урбана густина во корелација со 
инфраструктурните, социјалните и еколошките потреби на корисниците;
 
· 
Обезбедување на рационално и ефикасно користење на градежното земјиште со 
креирање на стимулативна финансиска и земјишна политика;
 
· 
Афирмирање на идентитетот и посебностите на градските населби;
 
· 
Подигнување на квалитетот на живеење во приградските (контактни) населби преку 
интегрално планирање на градот и околните населби; 
· 
Подобрување на состојбата во зоните со непланска (бесправна) изградба, нехигиенски и 
субстандардни зони; 
· 
Забрана за приклучување на бесправно изградени објекти на комунална 
инфраструктура; 
· 
Оптимизација на густините во станбените и работните зони, почитување на постојната 
урбана матрица и зголемување на површините под зеленило. 
7.2.5.2. Одржлив п росторен развој и користење на земјиштето
 
· 
Дестимулирање на ширењето на градското градежно земјиште, порационално и 
поефикасно зафаќање на продуктивни површини само за намени од висок јавен интерес 
(магистрални инфраструктурни коридори и објекти, производни и други објекти од 
државно значење, заштитни системи и комплекси и сл.); 
· 
Зголемување на застапеноста на слободните јавни површини за сметка на изградените 
станбени и инфраструктурни површини; 
· 
Зголемувањето на густината на градба на постојните градежни парцели, урбана обнова 
(првенствено активирање на кафеавите “brownfield” зони), и ревитализација и 
реконструкција на постоечки објекти во границите на утврдените плански опфати;
 
· 
Задолжително планирање на урбанистички параметри: процент на изграденост, 
коефициент на искористеност, бруто и нето урбана густина, како и бруто и нето станбена 
густина во населените места; 
· 
При изработка на Генерални урбанистички планови и Урбанистички планови за села, 
бруто урбаната густина да се пресметува како однос помеѓу бројот на жители и вкупната 
површина на урбаното подрачје, вклучувајќи улици, паркови и јавни простори, а нето 
урбанат а густина како однос помеѓу бројот на жители и површината наменета за 
домување (без улици и јавни простори). 
