Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
307 
донесување на планови од пониско ниво. Тоа значи дека приоритетните цели на локалниот 
развој и мерките за постигнување на тие цели утврдени со урбанистичките планови треба да 
се усогласени со целите, планските решенија и мерките кои ги утврдуваат плановите
 од 
повисоко ниво (во прв ред просторните). Урбанистичкото планирање е нивото на кое се 
случува конкретизација на планските решенија од Просторниот план, особено во поглед на 
зафаќање на нови површини за просторен развој на населбите, реализација на инициј
ативи 
на локалната самоуправа или одделни инвеститори кои исто така се манифестираат со 
трансформација на продуктивното земјиште во градежно. Затоа, Просторниот план 
дефинира насоки со кои ќе се обезбеди контрола на просторниот развој и заштита на 
ресурсит е, животната средина и природата од неодржливо користење, кои особено се 
однесуваат на: намената и користење на земјиштето, политиката на урбан развој и системот 
на населби, магистралната инфраструктура и капиталните инвестиции и заштита на 
животната среди
на и природата, а укажуваат на потребата од заштита на 
висококвалитетното продуктивно земјиште и зафаќање на нови површини за просторен 
развој на земјиште од пониски бонитетни класи, пристап на синхронизирано планирање и 
изградба на големи инфраструктурни зафати во просторот, полицентричност во просторната 
дистрибуција на одделни функции (стопански, јавни), напор за ублажување на разликите во 
квалитетот на живеење, достапност до работа и услуги и користење и активирање на 
компаративните предности на одделни
, а особено подрачјата од посебен интерес за 
Државата. 
При дефинирање на насоките треба да се има во предвид дека урбанистичкото 
планирање не е само технички инструмент, туку интегративен и партиципативен процес на 
одлучување помеѓу различни, често и спротивставени интереси во насока на остварување на 
заедничка визија, општа развојна стратегија и национална, регионална и локална политика 
на урбан развој. 
7.2. Одредби за спроведување на планот
 
Одредбите за спроведување на Просторниот план се однесуваат на легалните аспекти, 
стратегиските и плански документи, зајакнување на институционалните капацитети и развој 
и прилагодување на политиките, кои ќе придонесат кон остварување на поставените цели. 
Тие се генерални насоки кои треба да се почитуваат при изработка, донесување и 
имплементирање на планската документација од пониско ниво (урбанистичко планска, 
проектна и друга документација за уредување на просторот). 
 
7.2.1. Земјоделство и земјоделско земјиште 
· 
Спречување на трансформација на земјоделското земјиште во градежно земјиште, 
особено на квалитетните класи (од I до IV); 
· 
Заштита од загадување на земјоделските површини покрај автопати, аеродроми, големи 
индустриски комплекси, урбани населби; 
· 
Задолжителна анализа на квалитетот на водите кои се користат за наводнување на 
земјоделските површини; 
· 
Зачувување на површините за наводнување (на кои веќе се изградени или се планираат 
системи за наводнување) со забрана на изградба на инфраструктурни и други објекти 
