Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
306 
геопросторна база на податоци. Базата на издадени Услови за планирање на просторот 
оформена кај изработувачот (Агенција за планирање на просторот), содржи податоци за 
иницијалните плански опфати, но не и донесени урбанистички планови или друг вид планска 
документација, прикачени во електронскиот систем „е
-урбанизам“. Во таа смисла, 
подобрување на севкупниот процес може да се постигне со интеграција на системот „е
-
урбанизам“ и ГИС порталските апликативни решенија во Агенцијата за планирање на 
просторот. Порталското решение за Условите за планирање на просторот треба да опфати 
модул со управувачко
-информативни табли (dashboards) за услови за планирање на 
просторот, преку кој во реално време ќе се добиваат нумерички податоци на државно, 
регионално или општи нско ниво, за бројот на изработени услови за планирање на просторот, 
елаборати кои се во фаза на изработка, тип на услови по намена итн. Зголемената 
транспарентност и пристап до податоците од управувачката табла ќе им овозможат на 
Единиците на локалната са
моуправа да имаат прецизен увид во издадените Услови за 
планирање на просторот на територијата на нивната општина.
 
Измени на Планот 
Флексибилноста на Планот се однесува и на постапките за негово менување и/или 
дополнување. Изменувањето на Планот по правило треба да се реализира низ постапка 
идентична со постапката за негово донесување. Иницијативата за измена на Просторниот 
план произл егува од согледувањата преку некој од инструментите за спроведување на 
планот. Обемот на измени/дополни може да се однесува на: 
· Долгорочни, стратегиски решенија со значително влијание на вкупниот развој, за 
период подолг од 20 години, чија промена предизвикува изработка на нов Просторен 
план; 
· Решенија во рамки на планскиот период (20 години) чија промена бара ревизија на 
планот и евентуална парцијална измена; 
· Решенија (технички, како што се траси, локации и сл.) кои немаат значително влијание 
на севкупноста на планот, а нивното прецизирање/уточнување би се правело 
периодично (на пример на 2 години). 
Насоки за изработка на урбанистичка документација 
 
На индиректен начин, Просторниот план се спроведува по пат на изработка и 
донесување на урбанистичка документација во надлежност на Единиците на локална 
самоуправа или надлежните министерства, доколку истите се предвидуваат со годишните 
програми на Владата
 и се финансираат од буџетот на Државата. Тука спаѓаат 
урбанистичките планови за населбите (Генерални урбанистички планови за градовите и 
Урбанистичките планови за селата), како и урбанистички планови и планска документација 
за подрачја надвор од населенит е места. 
Урбанистичкото планирање е клучна компонента на процесот на локалното 
управување, особено управување со градовите, кое треба да обезбеди одржлива 
урбанизација, спроведување и заштита на јавниот интерес, притоа промовирајќи локална 
демократија, партиципациј а и инклузија, транспарентност и одговорност. Потребата од 
меѓусебната усогласеност на планските документи од различни нивоа се утврдува со 
нормативно правните акти и таа е обврзна за сите субјекти одговорни за изработка и 
