Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
303 
7.ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА
 
Просторниот план е највисок плански документ во кој се утврдуваат долгорочни 
стратешки развојни цели и политики за просторен развој на Државата за период од 20 
години и претставува основа за подготовка на сите други стратегиски и плански документи 
од пониз ок ранг. Процесот на имплементација претставува посебна процедура која се 
утврдува со соодветна регулатива, во која се прецизираат и
нструменти и механизми за 
спроведување на планските решенија. За обезбедување на доследност на планските 
решенија, неопходно е да се воспостават инструменти и механизми во кои се опишуваат 
условите, начините и динамиката на имплементација, како и правата и 
одговорностите на 
субјектите надлежни за спроведување на Планот. 
Имплементацијата е комплексен процес кој се однесува не само на планските 
елементи (цели, приоритети, плански решенија), туку и цел сет на постплански елементи кои 
опфаќаат мерки, активности и инструменти за спроведување, како и различни аспекти на 
процесот на мониторинг, евалуација, институционални аспекти и др. Всушност, 
имплементацијата опфаќа мноштво мерки и активности кои го поврзуваат просторното 
планирање со конкретни акции и активности во просторот, чие спроведување е насочено кон 
исполнување на зац ртаните цели и остварување или приближување кон поставената визија.
 
Согласно Методологијата за изработка на Просторниот план на РСМ, за следење на 
спроведувањето на планските решенија се воспоставуваат индикатори, кои претставуваат 
показатели со чија помош се утврдува дали, до кој степен, со кој интензитет и динамика се 
остваруваат целите на Планот. Индикаторите треба да бидат: мерливи, остварливи, реални и 
применливи во утврдената временска рамка за просторот кој е предмет на планирање. 
 
Следењето на индикаторите потребно е да се прави на ниво на статистички плански 
региони и општини, како законски дефинирани просторно
-територијални единици, а 
податоците визуелно да бидат претставени како комбинација од дијаграми, инфографици и 
мапи, што ќ е обезбеди ефикасно следење на процесот за спроведување на Просторниот 
план, ажурирање во реално време и мерливост на планските решенија
. 
7.1. Интереси, компетенции и одговорности во просторот
 
Спроведувањето на Просторниот план го обезбедува Министерството за животна 
средина и просторно планирање. За доследно спроведување, со донесување на Просторниот 
план, се изготвува и донесува и Закон за негово спроведување. Условите за ефективно 
просторно п ланирање на регионално и локално ниво, вклучително и донесување на 
рамковно законодавство ги обезбедува Владата и Собранието. Регионалното ниво има 
обврска да учествува во подготовка на регионални просторни планови и просторни 
стратегии кои треба да ги коо
рдинираат влијанијата на секторските политики, додека 
задачата на локалната самоуправа е примарна одговорност за управување и регулирање на 
развојот во рамките на политиката која подразбира заедничка работа на централната и 
локалните власти и резултира со градење на функционални капацитети. 
Директното спроведување на планските решенија зацртани со Просторниот план се 
реализира по пат на изработка и донесување на плански документи чие донесување е во 
надлежност на Државата (просторни планови за региони, подрачја од јавен/посебен интерес 
