Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
302 
Одржливиот развој како основен принцип на методологијата и поставките на овој 
просторен план упатува на строга заштита на висококвалитетното земјоделско земјиште, 
како н еобновлив ресурс од витално значење за нашата егзистенција. Во таа смисла е 
неопходен сериозен, студиозен и одговорен пристап на централната и локалната власт при 
донесување на одлуки за зафаќање на продуктивно земјиште во непродуктивни цели. Овие 
одлуки тр еба да бидат резултат на издржани стратешки програми и проекти, со стручна и 
оправдана економска анализа за неопходноста и обемот на зафаќање на нови, неизградени 
површини за различни непродуктивни намени
, како и за ефектите од еве
нтуалната 
пренамена. Со оглед на тоа што и трасирањето на инфраструктурните коридори се јавува и 
ќе се јавува како голем корисник на просторот, истото треба да се планира и реализира 
строго рационално и со максимално избегнување на просторни конфликти. Во таа насока 
препорачл ив е пристапот на паралелно водење на трасите во заеднички коридори со 
задолжително почитување на мерките за заштита низ предвидување на заштитни појаси. 
 
За унапредување на состојбата со истраженост на минералните резерви во нашата 
Држава, во планскиот период треба да се интензивира процесот на геолошки истражувања 
и како резултат на тоа, а во зависност од економската политика на Државата соодветно ќе се 
зголемат површините под експлоатација на минерални суровини на одржлив начин кој, меѓу 
другото, подразбира и постепено намалување на отпадот од искористувањето на 
минералните суровини. Најдобар начин за тоа да се постигне е воведува
њето на принципот 
на т.н. циркуларна економија во секторот минерални суровини, што претставува економски 
систем насочен кон елиминирање на создавањето на отпад, финално отстранување на 
отпадот на депониите и континуирано користење на минералните ресурси до
 најголемо 
достапно ниво.  
 
 
