Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
299 
6.7. Биланс на намена на земјиштето 
Одржливото користење на земјиштето е значајно за економскиот развој Државата, 
бидејќи една од главните причини за деградацијата на почвата е несоодветното користење. 
Земјиштето е комплексна категорија, не само поради сложената (интегрална) структура, туку 
и поради многукратните фукции кои ги исполнува. Ваквата дефиниција на земјиштето 
упатува н а два елементи кои имаат клучна улога во просторната организација и 
планирањето: од една страна користење на земјиштето заради репродукција или 
екстракција, од друга како простор неопходен за одвивање на производство и други 
активности. Оттука, во процесот на планирање на користење на земјиштето треба да се обрне 
внимание на следните аспекти: 
- 
Земјиштето е основен елемент на природната средина во која се одвиваат сите природни 
процеси. Нерационалното користење на земјиштето и неговите ресурси предизвикуваат 
деградација на земјиштето и нарушување на рамнотежата во просторниот систем;
 
- 
Користењето на земјиштето низ експлоатација на природните ресурси овозможува 
развој пред сé на комплексот примарни дејности, но во исто време нуди и можности за 
развој на редица други економски и општествени дејности и активности. Затоа, процесот 
на планир ање на користењето на земјиштето треба да обезбеди не само рационално 
користење на ресурсите, туку и рационална локација и алокација на сите дејности и 
активности на населението во дадениот простор; 
- 
Со се поинтензивниот економски и општествен развој, земјиштето станува се позначаен 
предуслов но често и ограничување за развој на одредени дејности.
 
Билансот на намена на земјиштето во планскиот период е изготвен врз основа на 
планските решенија и одредби структурирани по областите кои ги обработува Планот. 
Податоците врз основа на кои се вршени проекциите се превземени од:
 
- 
Агенција за катастар на недвижности и Државен завод за статистика,
 
- 
Проектот CORINE LAND COVER, ажурирање 2018 год.;
 
- 
Базата на податоци на АПП од условите за планирање на просторот, кои се издаваат за 
потребите на изработка на урбанистички планови и планска документација за;
 
- 
Податоци од експертските елаборати за областите: користење на земјоделско земјиште, 
шуми и минералните суровини, водостопанска, сообраќајна и енергетска 
инфраструктура и заштита на природното наследство; изготвени во рамките на фазата 
документаци она основа на планот. 
 
