Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
298 
воената и цивилната компонента и ефикасно и рационално користење на ресурсите. 
системот за одбрана ќе се развива и реорганизира со воспоставување на хиерархија на 
стратегиски документи, утврдување на соодветна правна рамка и редефинирање на 
субјектите на с истемот и нивните надлежности.  
За подигнување на способностите и капацитетот на ресурсите, во претстојниот 
период ќе се превземаат следните активности: 
- 
Персонална политика во одбраната која ќе овозможи привлекување и селекција на 
високо мотивирани поединци, 
- 
Реорганизација на образованието и обука за потребите на одбранбениот систем,
 
- 
Примена на принципите на професионалност, соодветна и правична застапеност и 
родова перспектива, 
- 
Унапредување на условите за работа и примена на современи дисциплини и 
технологии во работните процеси, 
- 
Замена на постојната со пософистицирана опрема во согласност со НАТО
-
стандардите.  
- 
Автоматизација и поедноставување на процесите за управување со материјалните 
ресурси, 
- 
Редефинирање на потребите од инфраструктура, реновирање и изградба на нова 
инфраструктура и подобрување на условите за живот и работа на персоналот во 
одбраната и Армијата, 
- 
Идентификување и приоритетизирање на критичната инфраструктура во согласност 
со националните интереси и воспоставените меѓународни стандарди,
 
- 
Обезбедување на финансиски ресурси од буџетот на Република Северна Македонија,
, 
како и согласно претходно склучени билатерални и мултилатерални договори,
 
- 
Алокација на одбранбените буџетските средства соодветно на потребите за 
остварување на одбранбените цели и развој на нови способности, неопходни за 
справување со новите безбедносни предизвици. 
