Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
297 
Поддршката на регионалниот и меѓународниот мир, безбедност и стабилност ќе ја 
остваруваме преку активното учество во НАТО и ЕУ водените операции и мисии, во 
меѓународните мировни, хуманитарни и набљудувачки операции предводени од
 
Организација та на обединети нации , и од Организација та за безбедност и соработка во 
Европа и преку учество во различни форми на воена соработка на билатерално, регионално 
и мултилатерално ниво. За придонес во операциите и мисиите предводени од НАТО, 
Република Северна Македонија ќе ангажира 50% од севкупната структура на 
мултифункционалните копне
ни сили. Долгорочно, во меѓународни операции ќе 
учествуваме со единици и воен персонал кој постепено ќе се зголемува до 10% од вкупната 
структура на Армијата, соодветно на динамиката на развојот на распоредливите 
способности. 
Највисок облик на организирање на мултифункционалните копнени сили за учество 
во меѓународни операции ќе биде лесна пешадиска баталјонска група, со развиени 
способности за распоредување и самостојно дејствување во дел од операциите и мисиите 
на НАТО, како и за вклучување во повисоки мултинационални формации.
 
Армијата ќе дава поддршка и на цивилната компонента на системот за одбрана, како 
и на полицијата, во услови кога надлежните државни институции не можат да се справат со 
кризи, односно закани по внатрешната безбедност, по критичната инфраструктура, 
елементарни непогоди, технолошки катастрофи, епидемии, и климатски промени, како и 
при загрозување на границите на Република Северна Македонија.
 
Невоена компонента 
Невоената компонента на системот за одбрана треба да обезбеди услови за 
функционирање на системот, како и поддршка на националните и сојузничките сили во 
услови на криза. Активностите кои се во надлежност на субјектите на цивилната компонента 
на системот з а одбрана ќе бидат координирани преку Владата на Република Северна 
Македонија. Управувањето со кризи опфаќа рано предупредување, тревожење, 
координација и дејствување при појава на криза или кризна состојба.
 
Покрај намалување на ефектите од воени дејствија, овој сегмент од системот за 
одбрана има и капацитети за: медицинска, комуникациска информатичко
-безбедносна и 
поддршка со цивилни експерти од различни специјалности, како и за сеопфатен одговор на 
безбедносните предизвици и нивното негативно влијание врз животната средина. При 
планирање и спроведување на вежбовните активности, ќе се развиваат соодветни политики, 
акти за стандардизација и упатства за заштита на животната средина со што ќе се влијае на 
подигање на свеста за заштита на животната средина кај воениот персонал. Што се однесува 
до проектите кои ги промовира програмата на НАТО - Наука за мир и безбедност, од областа 
на заштитата и безбедноста на животната средина, нашата земја ќе даде целосна поддршк
а 
Одбранбени ресурси и способности
 
Одбранбените ресурси ги сочинуваат човечките, материјалните и финансиските 
средства кои се на располагање на националната одбрана и од кои зависи остварувањето на 
одбранбените цели.  
Членството во НАТО наметнува потреба од редизајнирање на одбранбените 
способности во насока на намалување на персоналот и замена на застарената опрема со 
современа, компатибилна со земјите -членки на НАТО и ЕУ. За подобра координација меѓу 
