Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
296 
меѓународните заложби. Особено значајна улога во меѓународната соработка ќе има 
одбранбената дипломатија, билатерална и мултилатерална одбранбена и воена соработка 
заснована на принципите на „Pooling&Sharing“ и „Smart Defence “. 
Систем на одбрана 
Основни задачи на системот за одбрана на Република Северна Македонија, кои се 
негови уставни функции се: 
- 
ефикасна и ефективна одбрана и заштита на Државата од сите видови 
надворешни/внатрешни загрозувања и 
- 
обезбедување на потребното ниво на отпорност, флексибилност и 
интероперабилност во рамките на колективната одбрана, кризниот менаџмент и 
кооперативната безбедност. 
Системот за одбрана на Република Северна Македонија се состои од:
 
- 
воена компонента – чиј главен носител се вооружените сили, односно Армијата, и 
- 
невоена компонента – која ја сочинуваат државни институции со надлежности во 
справувањето со безбедносните закани и ризици, органите на локалната самоуправа, 
јавни претпријатија, друштва и граѓаните
55. 
Воена компонента 
Структурта на Армијата, односно потребата и нивото на нејзините одбранбени 
способности, се дефинира согласно 
современите безбедносни предизвици и 
расположливите ресурси на Државата. Приоритет во развојот на Армијата, во планскиот 
период ќе биде развојот на оперативните способности за поддршка на националните 
интереси и националните безбедносни цели, како и способ
ности за поддршка на 
националните цивилни власти. Националните способности за одбрана ќе се базираат на 
копнените, воздушните и сајбер
-домените, овозможени и поддржани со основни 
оперативни елементи кои вклучува
ат команда и контрола, персонал, инфраструктура, 
логистика, разузнавање, набљудување и извидување, медицинска поддршка, 
комуникациски и информациски системи и обука. 
Главната сила на воената компонента на системот ќе бидат мултифункционални 
повеќенаменски копнени сили, соодветно поддржани и логистички обезбедени, со 
способности за лесен маневар и брзо распоредување. Максимизирање на нивниот ефект и 
постигнување на висо ка економичност на одбраната ќе се обезбеди со развој и одржување 
на неопходни сили за специјални операции. 
Неопходната воздушна поддршка на мултифункционалните повеќенаменски сили, 
како и поддршка на цивилните власти во различни кризни ситуации и услови, ќе ја 
обезбедуваат воздухопловните сили. Нивната ограниченост за следење на современите 
текови во воздухопло вството наложуваат потреба од интензивна регионална одбранбена 
соработка со земјите од Југоисточна Европа и евроатлантските интеграции.
 
Армијата ќе развива резервни сили, составени од активна и општа компонента, чија 
структура и способности ќе се дефинираат согласно потребите за поддршка на 
вооружените сили. 
 
55 Утврдени со Законот за одбрана 
