Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
294 
- 
Рехабилитација на познатите „жешки точки“ поврзани со рударски капацитети од 
минатото. 
Со цел да се редуцираат евентуални последици од нестабилности поврзани со 
геотехничките аспекти кај површинската експлоатација, особено се нагласува потребата од:
 
- 
Редовно вршење на анализа на стабилноста на локално и глобално ниво, 
 
- 
Соодветни геотехнички испитувања на карпестиот материјал (вклучително и јаловиот) 
уште во фазата на проектирање и во фаза на работа, особено за високо алтерисани 
карпи и карпи кои би биле подложени на процес на иницирано лужење, 
- 
Реализација на геотехнички и друг вид на мониторинг на подземните рударски објекти 
(особено критичните објекти), отворените копови, одлагалишта за јаловина и 
хидројаловишта, со методи соодветни на големината на просторот кој е предмет на 
експлоатација. 
6.6.5.2. Технолошки хаварии 
Согласно политиката за приклучување кон Европската Унија, Република Северна 
Македонија треба да ги поддржува целите на ЕУ за индустриска безбедност насочени кон 
спречување и ублажување на ризикот од индустриски несреќи, кои се однесуваат на:
 
- 
Спречување на големи несреќи кои вклучуваат опасни материи;
 
- 
Обезбедување соодветна подготвеност и одговор доколку се случат такви несреќи;
 
- 
Ограничување на последиците од ваквите несреќи за здравјето на луѓето и за животната 
средина; 
- 
Идентификување и промоција на научени лекции од несреќи за да се спречат слични 
несреќи повторно да се случат. 
Овие цели подразбираат континуиран циклус на подобрување означени како 
„Превенција“, „Подготовка“, „Одговор“ и „Учење лекции“ и го претставуваат интегративниот 
процес за подобрување на управувањето со безбедноста.  
Пожари во објекти 
Еден од условите за изведување безбедни објекти, пропишани со Регулативата за 
градежни производи EU 305/2011
54 се однесува на сигурност во случај на пожар . 
За исполнување на овој услов, потребно е градежните објекти да бидат проектирани 
и изведени на таков начин, што во случај на пожар ќе бидат во состојба:
 
- 
Да го сочуваат носивиот капацитет (load bearing resistance) на конструкцијата за 
пропишан временски период, 
- 
Да го ограничат создавањето и ширењето на пожарот и чадот во објектот и соседните 
објекти, 
- 
Да овозможат безбедна евакуација на корисниците на објектот, 
- 
Да гарантираaт безбедност на спасувачките екипи.
 
Исполнувањето на овие барања се реализира низ спроведување на мерки кои 
подразбираат: 
- 
Проектирање на пожарно безбедни објекти, 
 
54 https://eur -lex.europa.eu/eli/reg/2011/305/oj/eng
  
