Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
293 
· Изработка на студија за постоeчката состојба на носивост од сеизмичко дејство и 
проект за ретрофит и зајакнување доколку студијата покаже потреба од такви мерки, 
за сите објекти од јавен интерес проектирани пред 1965 година (во здравство, 
образование, администрација и транспортна инфраструктура) при секоја пренамена, 
адаптација и/или реконструкција; 
· Понуда на портфолио на фондови за осигурувањето на објектите со цел да 
компензираат економските загуби;  
· Подготовка за катастрофи, тренирање на спасувачи и персонал за прва помош или 
имплементација на сигурносни планови за ресурси (гас, вода..);  
· Мерки за воведување/усовршување на прописи за нови објекти.
 
Напорите за ублажување на природните катастрофи се повеќе се оценуваат во 
контекст на интегрирано управување со ризици. 
Рударски несреќи 
За можните ризици поврзани со рударските објекти/капацитети врз човекот, 
опремата и животната средина, неопходно е планирање, подготовка и спроведување 
соодветни мерки (пред се за заштита и спасување), а со крајна цел спречување на 
настанување на несреќи и успешно управување при нивната евентуална појава. Потребно е 
мерките да се спроведуваат на сите потребни нивоа од страна на субјектите кои вршат 
експлоатација и истражување со соодветна контрола од надлежните институции, особено во 
однос на: 
- 
Изградбата, одржувањето и користењето на рудниците, 
- 
Целосна примена на нормативите и стандардите и надзор над нивно спроведување,
 
- 
Уредување на подземните простории, површинските копови и другите рударски објекти 
со опрема за заштита од појава на поплави, пожари, експлозии, струјни удари, 
одронувања и слично, 
- 
Обезбедување на сите материјално -технички средства и опрема потребни за заштита и 
спасување во услови на природни непогоди и други несреќи, 
- 
Обучување и оспособување на лицата во организираните структури на заштитата и 
спасувањето,  
- 
Зајакнување на капацитетите на институциите надлежни за контрола,
 
- 
Подготовка и унапредување на соодветна документација за организирано делување во 
случај на природни непогоди и други несреќи, 
- 
Вршење на строг мониторинг во пошироката околина на капацитетите каде се врши 
лужење на минералната суровина, 
- 
Изготвување на геолошко
-економска оцена на рударскиот отпад и разгледување на 
можностите за негово реискористување, т.н. Користење на техногени суровини (пепел, 
шљака, флотациски песок) 
- 
Рекултивација на терени на кои е вршено рударство, и оцена со актуелен степен на 
рекултивација, 
- 
Пренамена на рекултивираните површини во корисен простор од различен аспект. На 
пример, за ветерни паркови, фотонапонски централи и сл, 
