Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
291 
· Обезбедување и оспособување на стрелци за против градобијни ракети, резервни 
делови за опрема, радари, возила и сл. 
Во контекст на намалување на последиците, неопходно е да се инсталираат системи 
за рано предупредување во загрозени подрачја (места и сообраќајни делници) и примена на 
мерки за намалување на ранливоста. 
Одрони и свлечишта 
За справување со одроните и свлечиштата неопходна е потребата од поставување и 
возобновување на мониторинг на познати стари свлечишта и загрозени патни делници, преку 
примена на современи и конзервативни методи (InSAR
51, GNSS/GPS
52, инклинометри, 
екстензиометри, пиезометри, кракометри и друго). 
Моделирањето (зонирањето) на хазарди од свлечишта треба да се повторува во 
циклуси од 5 до 10 години. Воспоставувањето база на податоци (која треба да овозможи и 
корелација со други геолошко -хидролошко -метеоролошки хазарди) ќе овозможи создавање 
на посигур ни и поверодостојни модели на подложност, хазард и ризик од свлечишта. 
Картирањето треба да се врши на ниво на студии за зонирање на државно, регионално, 
локално ниво, а за некои региони и на ниво на сливни подрачја. 
Клучни фактори за успешно управување со свлечиштата се:
 
· Примена на Lidar 53 снимки при основно зонирање на теренот за свлечишта, со семи
-
автоматски пристап ; 
· Едукацијата на населението и доедуцирањето на административниот персонал во 
надлежните институции за свлечиштата како геохазард
;  
· Промовирање на примената на мерки за биоинженеринг кои треба да бидат 
усогласени и компатибилни со мерките за спречување на ерозија и останати 
гравитациони процеси. 
Ерозија и седиментација 
Преземањето мерки и спречувањето на ерозијата претставува преземање на цел 
систем од шумско -мелиоративни, агротехнички, хидротехнички и други специјални мерки 
како: наменски насочено користење на површините подложни на ерозија,терасирање, 
интензивно пошуму вање на ерозивно активните подрачја со автохтони видови и нега на 
шумите,уредување на поројните водотеци со градежни објекти,посебни мерки за заштита од 
обрушување, одрони и свлечишта на стрмни падини и речни брегово, подигнување на 
шумско-заштитни појаси, пошумување на коритата на доловите, садење трева на стрмните 
терени, подигнување брани, орање по изохипси, сеење на културите во форма на пантлики, 
длабока обработка на почвата и друго. 
Дополнително, се предвидуваат и административните инструменти кои опфаќаат:
 
· Подготовка на програма за заштита од штетните ефекти од водата во рамките на 
 
51 InSAR (Interferometric Synthetic Aperture Radar) is a technique for mapping ground deformation using radar images 
of the Earth's surface that are collected from orbiting satellites
 
52 Global Navigation Satellite System(GNSS) и The Global Positioning System (GPS)
 
53 LiDAR (Технолошка метода за далечинско согледување и испитување на површината на Земјата. Се користи за 
создавање модели со висока резолуција на тополошка подлога со вертикална точност од 10 сантиметри.)
 
