Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
290 
· Проценката на ризикот која опфаќа определување (квантитативно или квалитативно) 
на вредноста на ризикот поврзан со конкретната појава,
 
· Воспоставување на систем за мониторинг и рано предупредување за појавата на 
суша, 
· Зајакнување на капацитетите за управување со суши на индивидуално, регионално и 
институционално ниво, 
· Инкорпорирање на прашањата поврзани со сушите при управувањето во 
земјоделството, водостопанството и шумарството, 
· Развој на научно истражувачки проекти и образовни програми,
 
· Полиси за осигурување во случај на појава на суша.
 
Конструктивните мерки вклучуваат: 
· Реконструкција и модернизација на постојните системи за наводнување,
 
· Изградба на нови системи за наводнување со голема ефикасност на наводнувањето,
 
· Воведување на нови сорти на земјоделски производи отпорни на суша.
 
Мерките после појавата на сушата (реактивните) главно вклучуваат:
 
· Проценка на штетите од влијанието на настанот, 
· Надоместување на штетите на погоденото население.
 
Снежни наноси, лавини и луњи 
За заштита и спасување од лавини, особено значајни се превентивните мерки. Тие 
опфаќаат: 
- Одржување на постојна и засадување на нова високостеблеста вегетација, за 
намалување на енергијата и брзината на лавините; 
- Поставување на постојани и подвижни снегобрани и засадување на заштитни шумски 
појаси кај железничките пруги, каде снежните намети се зачестени;
 
- Поставување на резервни фундаменти за монтажа на нови столбови ПТТ во случај на 
поголемо оштетување на постојните. 
За спречување на штети од луњи, неопходно е подигање на појас од трајна шумска 
вегетација и ветробрански конструкции, особено на поголемите агрокомплекси и 
сообраќајна инфраструктура.  
Со оглед на тоа што во нашата држава не е во функција системот за заштита од 
градобијност, неопходно е да се преземат мерки и активности за обновување, 
осовременување и подигнување на степенот на неговата ефикасност со:
 
· Доопремување на МРПЦ 50 – Ѓуриште, Тополчани и Пожар, 
· Модернизација на системот на радиоврските, 
· Изградба на градежни објекти, пристапни патишта и други инфраструктурни објекти,
 
· Започнување на производство на градобијни ракети, 
· Обезбедување и оспособување на специјализиран стручен кадар,
 
 
50 Метеоролошко -радарски -противградобијни центри (МРПЦ) 
