Просторен план на Република Северна Македонија 
– Нацрт план 
288 
во циркуларна, потребно е да се преземат следните мерки од аспект на сигурност и 
превенција на ризици од техничко -технолошки хаварии: 
· Транспонирање на директивата Севесо
-III (Директива 2012/18/ЕУ) за контрола на 
опасности од големи несреќи, обврска утврдена во Европскиот зелен договор (Green 
Deal) и Акциониот план за нулта загадување (Zero Pollution Action Plan)
.  
· Основање и развој на информациски систем за собирање, следење, анализа на ризик 
од опасни материи, воведување на софтверски алатки за управување со ризик од 
опасни материи, како и мулти хазард, управување со информации за несреќи (како 
еМАРС и други), 
· Зајакнување на економските, социјалните и здравствените капацитети за отпорност и 
закрепнување од технолошки хаварии. 
· Изработка на стратегија за намалување на ризикот од пожар, со посебен акцент на 
подобрување на пожарната безбедност на постојните градби, вклучувајќи ги и 
дивоградбите. 
Поплави 
За да се обезбеди заштита, зачувување и континуирано подобрување на режимот на 
водите, подобрување на состојбата на водните еколошки системи и еколошките системи 
зависни од вода, рационално користење на водите, прогресивно намалување на штетните 
испуштања и постепено елиминирање на емисиите на опасни супстанции, како и ублажување 
на последиците од штетното дејство на водите и од недостигот на вода, неопходна е 
соодветна имплементација на интегриран систем за управување со води.
 
Мерките за заштита од поплави генерално може да се поделат на 
структурни и 
неструктурни мерки. 
Структурни мерки претставуваат:
 
· Мерки насочени кон заштита од поплави (регулација на речни текови, заштитни 
насипи, изградба на одводни канали, изградба на атмосферска канализација во 
урбани средини итн.); 
· Мерки за намалување и контрола на поплавите (пошумување на сливот и намалување 
на ерозивните процеси во сливот, изградба на каскади, изградба на мали ретензиони 
акумулации, изградба на акумулација за контрола на протокот и поплавите итн.).
 
Неструктурните мерки опфаќаат:
 
· Хидролошки и хидраулички мониторинг, 
· Прогноза и известување за можни поплави, 
· Изработка на хидролошко
-хидраулички модели на поплавни бранови со одреден 
период на повторување, 
· Изработка на оперативни планови за заштита и спасување на населението и 
материјалните добра, 
· Запознавање на населението со начинот на известување и предупредување,
 
· Изработка на план за евакуација, 
· Подготовка на планови за управување со речните сливови.
 
